3Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
МакедонијаЌе се гради споменик за жртвите од трагедијата во Кочани Проект за спомен обележје со име Ангели што ќе биде посветено на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани изготви здужението „16 март 2025 – Кочани“. Треба да биде изградено во близина на локалитетот Аеродром на Пониква. Идејата за изградба на спомен обележјето е на Тошо Антов, член на здруќението, чија ќерка Ивона загина во трагедијата од пред четири месеци. Предвидено е спомен обележјето да биде на површина со димензии 30 на 40 метри со парковско уредување во чија средина ќе биде поставен вертикален метален столб висок 9 метри, да се изгради мал параклис, да се засадат дрвја и да се постават клупи. Антов за Канал 5 раскажува дека идејата за местоположбата на спомен обележјето да се наоѓа во планински дел ја добил токму од неговата ќерка чиј живот прерано згасна. -Таа беше личност која секогаш помагаше поради што размислував како да се направи нешто за спомен на неа и за сите трагично загинати на тој 16 март. Идејата за спомен обележјето е моја и ќе биде единствено од таков вид на толкава надморска височина. Ивона беше планинарка и сакавме монументот да биде во природа, во планинска тишина, секој да може да го посети и да оддаде почит на нашите деца,--Тошо Антов – Татко на загинатата Ивона. Предвидено е на металниот столб да има спомен-плочи на кои ќе бидат испишани имињата на сите загинати. А целта на локацијата е да стане централно место за комеморација и потсетување на трагедијата. Проектот добил зелено светло од ЈП за државни патишта а со оглед на пространата локација може да се обезбеди и доволно простор за паркирање возила. Антов вели дека барање за согласност за проектот доставиле и до Општина Кочани од каде чекаат одобрување од општинската администрација. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
СветСи Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап. Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години. Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година. Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада. Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.Тагови: Кина Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер. Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници. На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“Во Тиват денеска се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот. Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22