Ќе се анализира начинот на упатувањето поради издавање „Итен 24" без потреба - Канал 5

Ќе се анализира начинот на упатувањето поради издавање „Итен 24" без потреба

Во текот на вчерашниот ден се издадени над 4.500 упати од овој тип од кои 2.700 се „Итен 24", од нив над 1.000 издадени од матичен лекар и околу 1.900 од типот „Упат без термин" од кои над 1.600 од матичен лекар.

Ќе се анализира начинот на упатувањето поради издавање „Итен 24" без потреба

Од воведувањето два нови упати „Итен 24" и „Упат без термин" на 23 февруари во рамки на новата верзија на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин" е утврдено дека има случаи каде постои сомневање кое се однесува на правилноста на упатувањето со упатот „Итен 24". Се анализираат причините зошто бил издаден упат„Итен 24" на пациенти, а имало термин за преглед.

Ова денеска го истакна советникот во Управата за електронско здравство, Жаклина Чагороска, која рече дека ќе се преземат мерки во соработка со Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со контролата во ФЗОМ, Лекарската комора…за да се следат ваквите случаи доколку тие сметаат дека има некакви неправилности да се реагира. На телефонскиот број 15444 и на меил [email protected] може да се пријават проблеми.

„Итен 24" се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа, а „Упат без термин" се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните седум дена. Овој тип упат ќе се користи доколку во установата, каде се упатува пациентот не постои слободен термин во следните седум дена за т.н. регуларен преглед.

Таа рече дека вчера се издадени над 96.000 упати за различни специјалности, дијагностички процедури и лаборатории и над 86.000 рецепти.

– Во текот на вчерашниот ден се издадени над 4.500 упати од овој тип од кои 2.700 се „Итен 24", од нив над 1.000 издадени од матичен лекар и околу 1.900 од типот „Упат без термин" од кои над 1.600 од матичен лекар. Овие бројки ќе ги следиме и ќе се анализираат, ќе се следи дали системот функционира на оној начин на кој е предвиден односно дали овие упати се издаваат за оние потреби за кои беа наменети, рече Чагороска.

Најголем број издадени упати „Итен 24" имало за РТГ снимање, интерна медицина, инфектологија, ортопедија, пациентите најмногу се упатувани во Градската општа болница „8 Септември" и во општите болници низ градовите, а најмногу за есенцијална (примарна) хипертензија, адбоминална и карлична болка, површинска повреда на глуждот и стапалото, акутен бронхитис, но и за општ преглед за испитување на лица без тегоби или наведена дијагноза…

Најголем број издадени „Упати без термин" имало на Универзитетската клиника за радиологија и во општите болници низ градовите, најмногу за специјалностите интерна медицина, РТГ, ортопедија, урологија и тоа за есенциална (примарна) хипертензија, дијабетес мелитус тип 2, абдоминална и карлична болка, акутен бронхитис…

Чагороска посочи дека воведените новини се однесуваат на воведување можност: да се прикачи резултат од микробиологија и патологија на издаден упат, да се издава електронска пријава за смрт која наскоро ќе ја пуштат во продукција, за внесување гинеколошка и акушерска историја за пациентките кои се на овие одделенија во сите здравствени установи, како и да се евидентираат законските обрасци од страна на приватните лекари кои не се дел од мрежата на здравствени установи.

– Наскоро со комисиите кои ќе бидат формирани за следење на начинот на упатување ќе ги анализираме податоците. Во текот на утрешниот ден ќе ги слушнеме забелешките на Лекарската комора и ФЗОМ. Техничките проблеми кои се појавија во текот на вчерашниот ден се отстранети, рече Чагороска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека ургентните центри се на располагање за која било итна состојба и дека таму не треба пациентот да дојде со упат. – Останува опцијата кога и да дојде пациент ако треба да биде веднаш прегледан, на пример на токсикологија лекарот може веднаш да го внесе како итен случај, а тие кои имаат лежечки капацитети да го стават во стационар, додаде Чагороска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност.

Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати.

„Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво.

„Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски.

Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот.

Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти.

Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти.

Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти.

Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности.

„Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот.

Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност.

Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања.

Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции.

„Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски.

Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.

Кристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија

Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност.

Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД.

Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец.

Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи.

Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1.

На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот.

Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер