МакедонијаЌе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувањаЌе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања на прехранбените производи, најави Мицкоски.Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако на 30-ти минатиот месец завршија владините мерки за скалести маржи, Мицкоски рече дека нема таква информација според бројките што му ги претставил пред два дена ресорниот министер. Мицкоски порача и дека нема да се толерираат трикови во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“. - Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случува тоа на крајот на месецот автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услуги, пи ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети, слушаме, стигаат до нас тие инфоромации, вознемирени сме од тоа што го слушаме, и е добро тоа што го слушаме затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос, изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на 8. месецов изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, рече Дурмиши на прес-коференција, посочувајќи дека меѓу мерките кои за кои се размислува е и да се покачи процентот на маржата.Тагови: Христијан Мицкоски цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сосВо четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади КостадиновскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 1 морков 1 тиквичка 1 главица кромид 1 страк праз 200 гр. шампињони 3 лажици соја сос малку буковка малку сусам масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаУЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура. Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура. Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура. Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури. Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот. Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии. Корисни информации за тестирањето: • Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk • Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg • Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk • Контакт за поддршка: [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
КошаркаСрпскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во ТурцијаПо двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир. Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул. Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција. Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година. Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter