Ќе останат ли руралните средини без медицински сестри? - Канал 5

Ќе останат ли руралните средини без медицински сестри?

Не може да се носат одлуки поврзани со професијата медицински сестри, а да не бидат прашани медицинските сестри:  Дали и на кој начин да се реши проблемот со недостатокот на овој кадар?

Ќе останат ли руралните средини без медицински сестри?

Туку да се игнорира проблемота, а дел од матичните ординации да работат без медицински сестри, објаснува Гордана Бешлиовска од здружението на медицински сестри „За нас“.

Бешлиовска вели дека предлогот од страна на Здружението на приватни лекари во помалите населени места во следните 24 месеци да работат без медицински сестри е подлога за комфор зона каде нема да се бараат медицински сестри, а притоа никој не бара да регистар за медицински сестри врз основа на што ќе се направи стратегија каде и колку сестри се потребни.

Од здружението велат дека во светски рамки каде превенцијата е најважна во делот на здравјето, медицинските сестри се на највисоко ниво со надогрдба во образовнието.

Во Македонија медицинските сестри не ги прашуваат за ниту една одлука. Тоа е една од причините за дефицит на сестри во здравствениот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“.

Бесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива Паланка

Со грижа за најмладите и поддршка за нивниот прв училиштен чекор, и оваа година за сите првачиња во Општина Крива Паланка е обезбеден бесплатен училиштен прибор, благодарение на успешната соработка со реномираната и општествено одговорна компанија „Таргет“.

Донацијата, која традиционално се реализира петта година по ред, е наменета за најмладите ученици кои за неколку дена за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето ново животно поглавје.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“ за континуираната поддршка и општествената одговорност што ја покажува кон локалната заедница.

„Првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете и секое семејство. Затоа ни е особено драго што петта година по ред ја продолжуваме оваа убава традиција и на нашите првачиња им обезбедуваме поддршка за нивниот прв чекор во светот на знаењето. Благодарност до компанијата ‘Таргет’ што повторно ја препозна важноста на вложувањето во најмладите. Кога вложуваме во децата, вложуваме во иднината на Крива Паланка“, истакна градоначалникот Митовски.

Обезбедениот училиштен прибор ќе биде наменет за сите првачиња од основните училишта на територијата на општината, како мал, но значаен придонес за поубав и порадосен почеток на нивното образование.

Општина Крива Паланка продолжува со активности и партнерства насочени кон поддршка на децата и семејствата, создавајќи услови во кои најмладите ќе растат, учат и напредуваат со еднакви можности.

На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу нови знаења, другарства и безброј насмевки во нивното прво училишно поглавје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. 

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец.

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани.

Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер