Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаЌе останат ли граѓанските здруженија без можност за кандидатури на локалните избори?Молк од партиите во Собранието, дали и што ќе преземат со членовите од Изборниот законик кои Уставниот суд вчера ги укина, а со кои кои независните кандидати мораа да собираат илјадници потписи за да учествуваат на избори. Од ВМРО-ДПМНЕ само кратко велат дека судски одлуки не сакаат да коментираат иако тие треба да се почитуваат. Од СДСМ, пак, партиски став најавија за следните денови. Собранискиот спикер Африм Гаши на прашање од Канал 5 дали планира до пратениците промени на Изборниот законик или евентуално враќање на старите одредби за независните листи, вели дека прво ќе ги анализираат роковите за можна интервенција, па потоа на координација со пратениците ќе ја отворат оваа тема, но кога е неизвесно. -Ќе видиме прво со службата како стоиме со роковите и понатаму ќе разговараме на координација како ќе постапиме. За промена на изборниот законик ни треба консензус, изјави Гаши за Канал 5. Марко Трошановски од Институтот за демократија смета дека системот и сегашните законски измени се така скроени да обесхрабрат и отежнат било какво учество на граѓанските иницијативи. Доколку остане ваков правен вакум помеѓу уставната одлука и непостапување на Собранието до локалните избори, според него, тоа создава силна дискриминаторска ситуација, со која што цел сегмент на популацијата, како што вели е во апсолутно нерамноправна положба да учествува демократски на изборите што е уставно загарантирано право. -Вториот аспект е дека измените на Изборниот законик иако конвенционално се веќе закаснети, Изборниот законик треба 6 месеци пред избоорите да се генерално носи, сепак, ние имаме преседани во минатото каде што амандмани беа на неколку недели пред избори гласани, а особено во оваа смисла кога ваквите интервенции во Изборниот законик даваат поголема демократичност на изборите се совпаѓаат со препораките од ОБСЕ/ОДИХР од 2024-та и се во линија на реформската агенда и обврската што сме ја преземале, мислам дека час поскоро Собранието мора да усвои олеснувачки интервенции во Изборниот законик со што сите граѓани ќе бидат третирани еднакво, смета Трошановски. Во меѓувреме, во министерството за правда работна група веќе се подготвува нов Изборен законик, но оттаму за Канал 5 велат дека без поддршка од политичките чинители, неговата изработка не може да се реализира, за што, очекуваат широк политички консензус. Ставот на правда е дека одлуката на Уставниот суд мора да се почитува и е во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но сепак, останува неизвесно дали на местото на укинатите ќе бидат додадени нови одредби во Изборниот законик за независните листи. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаЕдношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија. На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството. Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани. Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија.Од редовна воена обука до вистинска борба за спасување човечки живот. Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија. Повреден, со скршеници и обилно крварење, алпинистот останал на висина од околу 15 метри над земјата, откако при искачувањето му се откорнало парче карпа, а неговиот пад бил запрен со безбедносно јаже. Несреќата се случила во саботата, кај старите тунели во Демир Капија. Според полицијата, станува збор за главен инструктор од планинарското друштво „Стена“ од Белград, кој се искачувал заедно со уште шестмина алпинисти од Србија. За среќа, во непосредна близина, припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ изведувале редовна обука за планински операции па веднаш излегле во пресрет на повредениот. Како изгледала драматичната спасувачка акција, ексклузивно за Канал 5 раскажува еден од старешините кој непосредно учествувал во извлекувањето на повредениот. Неговиот идентитет не го откриваме од безбедносни причини. -На вчерашниот датум, нели, околу 13:30 часот, при извршување на задачи од редовен карактер. ...наслушнавме повици за помош од страна на туристи, алпинисти, коишто спортуваа во непосредна близина на реонот каде што ние ги извршувавме тие задачи. При што веднаш пристапивме кон спасување, односно извлекување на ранетиот. Значи, побараа помош, воочивме дека има повредено лице, се организиравме – објаснува соговорникот. Веднаш започнала трка со времето. Војниците успеале да стигнат до повредениот, да му укажат прва помош и да го извлечат од тешко пристапниот терен. Старешината вели дека вакви ситуации за време на обука се исклучително ретки, но токму присуството на специјалците во близина било пресудно за брзата интервенција. -Лицето коешто беше повредено, беше утврдено на лице место дека има скршеници, обилно крварење. Беа санирани неговите повреди и лицето беше успешно извлечено надвор од непристапниот терен. Сосема професионално, онака како што и баталјонот веќе со години реализира такви активности. Знаете, сепак, на оваа единица приоритет е безбедноста на граѓаните, така што сметам дека и со оваа активност којашто ја извршивме вчера, тоа само го потврдивме. На повредениот му посакуваме брзо опоравување, брзо закрепнување. И среќа што тука ние се најдовме во истата близина да му пружиме помош – појаснува тој. За само 50 минути од падот, повредениот алпинист веќе бил во возило на Итната медицинска помош од Неготино. Во Општата болница во Велес му биле констатирани тешки телесни повреди, а за неговата понатамошна здравствена состојба засега нема дополнителни информации. Она што започнало како редовна воена обука, за припадниците на „Волци“ завршило како вистинска спасувачка мисија, во која нивната подготвеност и навремена реакција помогнале да се спаси човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33