Ќе ја завршиме домашната задача со реформите, па останува на ЕУ дали ќе го билатерализира процесот, вели Мицкоски - Канал 5

Ќе ја завршиме домашната задача со реформите, па останува на ЕУ дали ќе го билатерализира процесот, вели Мицкоски

Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји членки. Една од нив е и Бугарија. Знаете дека имаме со нив проблем.

Ќе ја завршиме домашната задача со реформите, па останува на ЕУ дали ќе го билатерализира процесот, вели Мицкоски

Македонија ќе ја заврши својата домашна задача со реформската агенда за ЕУ, а потоа останува на 27-те земји членки меѓу кои е и Бугарија дали ќе го билатерализираат нашиот процес на пристапување или тој ќе биде базиран на критериумите коишто ги имале сите земји коишто пристапувале во Унијата, порача премиерот Мицкоски прашан дали очекува да влијае врз европската перспектива на Македонија тоа што Бугарија оди на нови избори напролет, откако ниту една од тамошните партиите не успеаја да формираат Влада и му ги вратија мандатите на Радев.

-Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји членки. Една од нив е и Бугарија. Знаете дека имаме со нив проблем. Но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се подготвиме. Сите оние што беа отворени прашања поврзани со реформската агенда да ги завршиме. Сите оние реформи којшто сме ги предвиделе да ги затвориме. И откако сето тоа ќе го направиме, тогаш оставаме на 27 земји членки да одлучат дали ќе го билатерализираат овој процес или ќе биде базиран на критериуми којшто ги имале сите земји којшто му пристапиле на овој сојуз односно на ЕУ, изјави Мицкоски.

Државните интереси според Мицкоски се приоритет за Владата, а СДСМ со неприсуството на лидерската средба се самоисклучила наместо да разговара и оставила, како што рече, празен простор за другите партии.

Премиерот вели дека не знае дали СДСМ ќе ги поддржи законските измени за профункционира „Сејф сити системот“, откако опозицискиот лидер Филипче вчера кажа дека неговата партија има забелешки за Законот за прекршоци и неизвесно е дали ќе го гласа во Собранието, но тоа што е важно според Мицкоски е дека овој проект почнал да ги постигнува своите основни хумани цели. Бројките на спасени човечки животи во јануари според него се зголемени, а сообраќајните несреќи намалени.

По дилемите од опозицијата, Мицкоски уверува дека протоколи и заштита на податоците на граѓаните од проектот Безбеден град, мора да има, а многу работи, како што кажа, ќе се усогласуваат во текот на имплементацијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ

Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ

Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека “случајно” избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ.

Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е чист хаос кој ја става Македонија во ред на крајно нефункционални и неспособни држави. Која будала би инвестирала во земја каде што законите се менуваат секој час само за да се задоволат тесни партиски интереси и директиви?

Како што јасно потврдуваат и анализите од последниот Извештај на Европската комисија, високата корупција во земјава останува широко распространета, а честите и непредвидливи измени на законите директно ја засилуваат перцепцијата за неказнивост. Наместо борба против криминалот, власта испорачува само добра претстава за јавноста – лажни реформи, неуспешни конфискации и законски решенија кои ја „галат“ корупцијата, наместо да ја казнуваат. Народот ги трпи последиците од оваа неспособност, додека државата губи на секој чекор.

„Ова е врв на неспособноста и ќе речам ‘правно дивјаштво’ кое мора да престане веднаш! Прво си изгласаа амнестија за функционерите за да ја заштитат високата корупција, а сега со секојдневните измени во Кривичниот законик по скратена постапка прават хаос, додека за обичниот граѓанин воведуваат ригорозни казни. Добиваме јасни шлаканици од Европската унија бидејќи оваа власт ја претвори државата во приватна зона за тендери и партиски манипулации. Ваквото скандалозно однесување мора да заврши – доста е од погребување на правната држава!“, порача претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

ЛДП бара итно запирање на ова законско лудило, повлекување на досегашните штетни интервенции и воспоставување на вистинско владеење на правото, бидејќи Македонија повеќе нема време за губење во рацете на неодговорни политичари!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Злато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електраните

На социјалната мрежа „Threads“ е откриен профил што му припаѓа на Владислав Соколов – претприемач поврзан со наводна проневера на јавни средства наменети за заштита на енергетската инфраструктура во регионот на Киев. 

Злато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електраните

Според информации од еден „Telegram“ канал, при претрес на неговиот луксузен пентхаус биле пронајдени базен и терариум со крокодил, пренесува украинскиот медиум „NV“.

Блогерoт и новинар Денис Казански прв го сврте вниманието кон профилот на Соколов.

„Неговиот профил на ’Threads‘ започнува со фотографија на која е прикажан Руслан Олијник – поранешен заменик на Микола Калашник (кој во меѓувреме поднесе оставка).

Интересно е што нема никакво спомнување на неодамнешните настани. Можете да му поставувате прашања во коментарите“, напиша Казански.

Фотографии од мермерни столбови, позлатени детали, базен, терариум со крокодил и автомобил „Ролс-Ројс“ брзо се проширија на социјалните мрежи.

Корисниците реагираа со саркастични коментари, истакнувајќи дека „ненадминливиот оригинал“ за ваков ентериер е, всушност, домот на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка – кој исто така е осомничен за корупција.

Свое мислење изнесе и активистот Серхиј Стерненко. Тој тврди дека Соколов поседува компанија која требало да гради заштитни објекти за енергетски постројки; наместо тоа, средствата наводно биле искористени за создавање на овие раскошни ентериери.

Стерненко понатаму ја обвини истата компанија за проневера на средства наменети за изградба на засолништа во училиштата.

„Изгледа дека Доналд Трамп доби конкуренција во категоријата ’луксузен кич‘. Запознајте го сопственикот на озлогласениот стан со крокодилот – сопственик на компанија која требало да гради заштита за енергетски објекти во регионот на Киев, но која, како што изгледа, изградила нешто сосема друго“, напиша Стерненко.

Шема за проневера на средства наменети за училишни засолништа била обелоденета уште во октомври од страна на Серхиј Болвинов, раководител на истражниот оддел и прв заменик-началник на Главната управа на Националната полиција во регионот на Киев.

Според него, во кругот на еден лицеј во градот Крјукившчина се градело засолниште за заштита од зрачење, за што од буџетот биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал друга компанија за извршување на градежните работи и ѝ платил за тоа. Сепак, истражителите утврдиле дека тие работи постоеле само на хартија. Компанијата немала ниту вработени, ниту потребна опрема – факт што е потврден со истрага спроведена од даночните органи.

На сметките на оваа фиктивна компанија биле префрлени вкупно 240.000 евра; средствата потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу инволвираните лица. Директорот на компанијата е осомничен за службено фалсификување извршено како дел од група – што резултирало со сериозни последици – како и за перење пари, односно прикривање на приноси стекнати преку кривично дело.

Болвинов исто така објави фотографии од луксузен стан, направени за време на истрагата. Тој напомена дека полицијата во моментов проверува дали овој имот е поврзан со средствата што се предмет на истрагата.

На 3 ноември, активистот Серхиј Стерненко објави дека заштитните мерки во голем број енергетски објекти или воопшто не биле спроведени, или пак биле изведени со сериозни недостатоци. Во својата објава, тој покрена прашања за одговорноста на Микола Калашник, поранешен раководител на Воената управа на Киевската област.

„Без спроведување постапка за јавна набавка, Калашник потпиша договори во вредност од над 11 милиони евра за заштита на електрични потстаници со компании кои немаа ниту работна сила, ниту опрема за извршување на такви задачи. Понатаму, против овие компании веќе беа поднесени кривични пријави“, изјави Стерненко.

Тој додаде дека компаниите добиле големи авансни плаќања, но не ја завршиле работата на заштита на енергетската инфраструктура. Микола Калашник моментално ја извршува функцијата министер за развој на заедниците и териториите на Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер