Ќе има ли согласност во ЕУ за воведување квалификувано мнозинство во надворешната политика? - Канал 5

Ќе има ли согласност во ЕУ за воведување квалификувано мнозинство во надворешната политика?

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен продолжува да ја турка идејата за воведување квалификувано мнозинство, чие евентуално усвојување ќе ја спречи можноста за индивидуално вето во текот на пристапните преговори и за Македонија.

Ќе има ли согласност во ЕУ за воведување квалификувано мнозинство во надворешната политика?

Прашањето за гласање со квалификувано мнозинство во европската надворешна политика повторно да се разгледува, ургира претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен ден по поразот на Виктор Орбан под чие раководство Унгарија блокираше бројни одлуки во Унијата, особено оние кои се однесуваа на санкции кон Русија како и заеми и забрзано членство на Украина во ЕУ.

„Има уште многу работа што треба да се направи додека Унгарија се враќа на европскиот пат. Но, мислам дека треба да ги разгледаме и лекциите научени во рамките на Европската Унија. На пример, мислам дека преминувањето кон гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика е важен начин да се избегнат систематски блокади како што видовме во минатото и треба да го искористиме моментумот сега навистина за да продолжиме напред по таа тема.“

Идниот премиер на Унгарија – Петер Маѓар потврди дека Унгарија повеќе нема да го блокира заемот од 90 милијарда евра за Украина, но нема ни да учествува во нејзиното финансирање. Исто така, Маѓар нагласи дека не само тој туку и голем дел од лидерите на ЕУ земјите не поддржуваат забрзано членство за ниту една држава а сите кандидатки мора да минат низ истиот преговарачки процес со Унијата.

„Огромно мнозинство од земјите-членки не го сметаат ова за можно сценарио и се согласуваат со мене дека сите кандидати за членство мора да поминат низ истиот процес, да ги разгледаат сите поглавја, да преговараат за сите поглавја.“

Иако шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул веќе се заложи за укинување на ветото и негова замена за квалификувано одлучување во надворешната и безбедносна политика на ЕУ, на почетокот од месецот, бугарската претседателка Илијана Јотова со дипломатска офанзива во Брисел жестоко се спротистави на оваа иницијатива како принципиелна позиција на Бугарија. Според реномираниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, земјите членки на ЕУ се однесуваат со недоверба кон сите западнобалкански земји кандидатки, дури и кон посочениот водечки кандидат – Црна Гора, која според германскиот медиум, би влегла во ЕУ како тандемско решение со Исланд, кој во август ќе одржи референдум за обновување на преговорите со ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер