2Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
МакедонијаЌе има ли одложувања на системот за влез и излез на ЕУ за летната сезона? Во втората половина на месец мај Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, очекува официјален одговор од грчките власти по упатеното барање за привремено одложување на новиот систем за влез и излез.Во втората половина на месец мај Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, очекува официјален одговор од грчките власти по упатеното барање за привремено одложување на новиот систем за влез и излез на граничните премини за македонските граѓани, велат од комората за Канал 5. Во нивното барање испратено на адреса на грчкото министерство за турзам се бара олеснување во периодот од 1 јуни до 1 септември, а од комората денеска посочија оти се надеваат на позитивини вести. Иницијативата доаѓа по укажување од туристичкиот сектор во земјава. Дел од труистичките агенции со кој стапивме во контакт велат доколку ништо не се промени, евентуалната примена на системот во шпицот на летната сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини, велат Грција останува број еден туристичка дестинација за македонските граѓани и доколку ништо не се промени можни се проблеми со аранжамните. „ Генерално мислам дека Грција оваа година ќе се посетува масовно од целиот свет, а овој систем кој во моментов е воведен прв пат видовме каков е за велигденските празници бидејќи баш тогаш стапи на сила и на самите гранични премини на Евозни беше сликата страшна со часови се чекаше да се влезе, а за 1 мај грците видоа што се случуваше и ја пуштија грнаицата. Што ќе се случи никој не знае ние мислиме дека ќе се реши тоа бидејќи не им оди во прилог тоа еве веќе ги осленија условите за Британцијте и Србите, и мислам дека и за нас ќе има решение, а доколку не се реши тогаш да дефинитивно ќе има поголеми задржувања и чекања кои ќе предизивкаат допонителни проблеми во нашиот сектор. “- Силвана Јовановска – Туристичка агенција. Во меѓувреме додека македонсктие граѓани чекаат официјална информација, според најавите на конзулот на Србија во Солун, српските туристи летово, иако нема официјална одлука за целосно суспендирање на системот, очекуваат да добијат олеснување во процесот на поминување на граничните премини. Канал 5 побара одговор од грчките власти дали се можни евенутални отспаптки за државјани на трети земји кои не се дел од Шенген зоната, но без прецизен одговор оттаму само кусо посочија дека: -Грција успешно го започна целосното функционирање на Системот за влез и излез, со регистрација на државјани од трети земји. Грција ги презема сите потребни мерки за управување со зголемениот патнички сообраќај на граничните премини, во рамките на Регулативата на ЕУ,- - Грчка полиција. Системот за влез и излез во Унијата стапи на сила на 10 април, а иако од Европската Комисија уверуваа дека регистрирањето не одзема многу време, сепак тоа предизвика големи чекања на дел од граничните премини на земјите од шенген зоната. Покрај системот за влез и излез, на есен стапува на сила и ЕТИАС, односно он-лајн апликацијата која чини 20 евра и важи 3 години. Двата система се комплементарни и како што посочија од Унијата, се дел од поширокиот пакет за дигитализација и зајакнување на контролите на надворешните граници на Унијата, а со кои печатите во пасошите треба да заминат во историјата. Тагови: ЕЕС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго МаневскиСо положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината. Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили. Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласиниДоколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини – оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат .На денешната надзорна расправа за Алта Банка во рамки на собраниската комисија за финансирање и буџет премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеникот Борислав Крмов за тоа дали ќе понесе одговорност доколку Алта Банка оди под стечај и како ќе се продава Алта Банка ако нема дозвола од Агенцијата за осигурување на депозити на Србија, истакна дека доколку не ја познава процедурата и начинот на кој што може да се делува за решавање на ситуацијата најдобро е да не одмага со ширење на гласини, туку да се остават луѓето коишто знаат да ја решат работата и банката да добие купец и да продолжи да функционира. „Поврзано со стечајот мислам дека не ви е позната методологијата и начинот на којшто се делува во периодов согласно закон и согласно Устав. Меѓутоа претпоставувам дека луѓето коишто се викнати од Народната Банка ќе ви дадат одговор, иако јас ја знам процедурата и ова што го тврдите е апсолутно неточно и невистинито. Така што ве молам и вас најљубезно, ако не сакате да помогнете ве молам најљубезно немојте да одмагате. Оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат да ја решат работава и да не оди банката во стечај, туку да си добие купец и купецот понатаму да си ја среди и да си ја управува онака како што купецот мисли дека треба. Се разбира согласно применливото право и закони коишто ги има народната банка и државата“, потенцираше Мицкоски. На прашањето на пратеникот Крмов дека постоеле гласини дека од страна на Владата се препорачувало на македонски институции да депонираат средства во Алта Банка, Мицкоски истакна дека никогаш не би се впуштил во такви авантури и дека надзорната расправа не треба да се базира на гласини туку на факти. „Што се однесува до гласините, јас пак сум слушнал некои други гласини дека вие како политичка партија сте барале поголема камата за да орочите повеќе пари за да купите деловен простор во Битола, па бидејќи не ви дале поволна каматна стапка во таа банка сте се обиделе во една друга банка и со кредитот кој што сте го земале сте купиле деловен простор на прв спрат, а на приземје сте отвориле кафе бар. Има и такви гласини. Сега да видиме на кои гласини ние ќе веруваме и дали гласините се правилна алатка во политиката или пак гласините преставуваат средство за манипулирање. Затоа јас би го задржал достоинството и нивото на оваа надзорна расправа и би се држел до фактите, а не до гласините, бидејќи ако зборуваме за гласини тогаш ќе ни требаат повеќе вакви надзорни расправи. Затоа подобро да не зборуваме за гласини туку да се држиме до факти. Апсолутно такви факти не постојат. Ниту јас, ниту пак било кој друг има намера на таков начин да се однесува, бидејќи во животот има една клучна лекција што треба да ја научите, да не ги повторувате грешките на тие што веќе тие грешки ги направиле. А такви политичари коишто охрабрувале или охрабруваат ги гледаме не само во регионот, не само кај нас во државата туку малку и пошироко. Така што на памет не ми паѓа да влегувам во било какви авантури од овој тип какви што вие слушате гласини“, нагласи Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВеружен судир во близина на Сеул: Автобус предизвика хаос, десетици повредениНајмалку 48 лица се повредени денес во судир со повеќе возила во градот Сеонгнам, Јужна Кореја, откако градски автобус удрил во повеќе од 30 возила кои чекале на семафор, соопштија надлежните.Во несреќата, која се случила во 7:34 часот по локално време во округот Бунданг, учествувале четири автобуси, еден камион и 27 патнички автомобили. Автобусот конечно застанал откако удрил во заштитна ограда, пренесува агенцијата „Јонхап“. 🇰🇷 South Korea: Bus crashes into 31 vehicles near Seoul A public bus crashed into 31 other vehicles during the morning rush hour in Bundang, Seongnam, south of Seoul, on November 11. Dozens of people were injured. Police are investigating the cause of the crash. https://t.co/qOHyUNtUZW — RAVI DAHIYA (@RAVIDAHIYA46026) November 11, 2026 Меѓу повредените, шест лица се здобиле со сериозни повреди, но никој од нив не е во животозагрозувачка состојба, изјавија официјални лица. Со автобусот управувал маж во своите шеесетти години, а полицијата не пронашла докази дека тој бил под дејство на алкохол. Според полицијата, возачот изјавил дека му откажале сопирачките, а истражните органи во моментов работат на утврдување на точната причина за несреќата.Тагови: Сеул Веружен судир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter