2ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми
МакедонијаЌе има ли одговорност за заканите на функционерката на ДУИ, Шкодране Дардишта?Јавното обвинителство допрва испитува дали има кривично дело во објавата на поранешната директорка на Службата за заеднички работи на Клиничкиот центар, Шкодране Дардишта...Владата почна иницијатива за испитување одговорност за Шкодране Дардишта по силните реакции во јавноста и оградувањето на Македонски телеком од ставовите на својот член на управниот одбор за повиците за дестабилизација на земјава која таа ги напиша на социјалните мрежи. Но од владата засега нема конкретен одговор дали Дардишта ќе биде повлечена од позицијата која ја има во Телеком „Сите избрани и именувани функционери се должни да го почитуваат Кодексот за етичко постапување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Во спротивно се покренува иницијатива за испитување одговорност и нивно разрешување, доколку се потврди дека го прекршиле Кодексот. Принципиелно, како и во неколку досегашни случаи, Владата пристапува со сериозност и на овој случај Случајот со воинствените објави на Дардишта ги следи и јавното обвинителство од каде велат - ако се утврди постоење на кривично дело ќе биде гонета од законот. „Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе ги испита сите околности во врска со објавата. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности, Првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов и поранешен учесник во конфликтот како поранешен припадник на специјалните единици на МВР смета дека е добро што од ваквите објави се огради и ја осуди лидерот на ДУИ. Вчера по завршувањето на состанокот на врвот на ДУИ лидерот Ахмети се огради од ваквите ставови на Дардишта како ставови кои не ја одсликуваат каузата на партијата која се залага за евроатласнки интеграции и стабилност на државата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаВо Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на КосовоПретседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши. Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирмиОсновното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување..Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Обвинителен акт за кривично дело – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Тие од третото лице, обвинето за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик, побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице. Иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми, правејќи со тоа и продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик. Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот. Со цел да ги покрие незаконитостите утврдени при контролата, вториот обвинет сторил и кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 од Кривичниот законик, односно го фалсификувал службениот извештај за контролата. Против дополнителни четворица даночни контролори и инспектори до Судот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. Од нив, еден е обвинет и за – Фалсификување исправа. Дополнително, една вработена во Државниот пазарен инспекторат сторила дело – Оддавање на службена тајна, откривајќи информации кога акциските контроли ќе се реализираат. Обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, татко на лицето претходно обвинето за давање поткуп. Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајов. Кривичната пријава за дејствија на Злоупотреба на службената положба опфаќаше уште четири лица, од кои за 2 е запрена постапката поради застареност, додека за 2 се утврди дека немаат дејствија на наведеното дело или на друго дело кое се гони по службена должност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн е добитникот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.Капитенот на Англија, ѕвездата на Баерн Минхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн, ја освои престижната „Златна топка“ како најдобар фудбалкер на светот за 2026 година,трофеј кој традиционално го доделува „Франс фудбал“. Кејн ја прими наградата на свеченост организирана во Лондон – првпат во 70-годишната традиција овој настан да се одржи надвор од Франција. Хари Кејн ги победи Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Иако немаше престижен трофеј, како оној од Светското првенство или Лигата на шампионите, Кејн победи благодарение на фантастичната серија голови. Капитенот на Англија постигна 73 гола на клупски и меѓународни натпревари во текот на сезоната 2025/26. Тој е најдобар стрелец во Бундеслигата трета година по ред, а воедно и најефикасен клупски стрелец во Европа. Кејн ја предводеше Англија до нејзиниот најдобар пласман на Светско првенство уште од освојувањето на титулата во 1966 година. „Гордиот Албион“ го освои третото место на неодамнешното Светско првенство во Северна Америка. Претходно вечерта, англискиот фудбалер ја доби наградата за најдобар напаѓач во светот. Во женска конкуренција, по третпат во кариерата, најдобра е Алексија Путелјас, членка на „Лондон Сити“ и на шпанската репрезентација, со што се израмни со својата сонародничка Аитана Бонмати. Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, беше прогласен за најдобар тренер, додека во женскиот фудбал за најдобар беше прогласен тренерот на Барселона, Пере Ромеу. „Пари Сен Жермен“ во машка и Барселона во женска конкуренција беа прогласени за најдобри екипи. Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер по третпат по ред, додека наградата за најдобра млада фудбалерка ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона. Свечената церемонија се одржа во Лондон, во познатиот театар „Паладиум“, при што организаторите му оддадоа почит на Стенли Метјуз, легендарниот англиски фудбалер кој во 1956 година стана првиот добитник на „Златната топка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter