Ќе гласаме за Претседател на Република (Северна) Македонија?

На 21 април на денот на претседателските избори, гласачите нема да го прочитаат новото уставно име Република Северна Македонија на гласачките ливчиња.

Дерковски вели дека иако во сила влезе новото уставно име на државата, изборите се спроведуваат како и досегашната пракса. На гласачкото ливче се наведени само кандидатите за претседател на земјата и државното знаме.

Дерковски вели дека Државната изборна комисија ќе ги спроведува избори според документот кој собранискиот спикер Талат Џафети ги распиша изборите, а тоа е Избор за Претседател на Република Македонија, но вели дека ќе ги почитуваат уставот и законите..

Дерковски преку писмено сооптениет попладнево се дообјаснуваше дека ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Северна Македонија, а не како што бил сфатен и пренесен од медиунмите..

Република Северна Македонија официјално се користи осум дена. Единствена институција чија што веб страница не го променила името останува Претседател на државата. Ѓорѓе Иванов, претседателот во заминување и понатаму е Претседател на Република Македонија. Динамиката на владината Меѓуресорска група предвидуваше до 15 февруари сите институции да извршат промена на сите дигитални записи како логоа, меморандуми и веб страници. Од кабинетот на Иванов нема одговор зошто не е извршена промената. Од Меѓуресорската група најавуваат постапка против администраторот на веб страницата на претседателот, владиниот портпарол пак им порача на сите институции да ги почитуваат уставните измени.

Непроменета беше и веб страницата на Агенцијата за разузнавање која е под надлежност на шефот на државата, но денеска страницата не се отвора со образложение дека е во изработка.

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер