Киву за поразот од Атлетико: Интер втор натпревар по ред игра добро, а останува со празни раце - Канал 5

Киву за поразот од Атлетико: Интер втор натпревар по ред игра добро, а останува со празни раце

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги сподели своите впечатоци за синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Киву за поразот од Атлетико: Интер втор натпревар по ред игра добро, а останува со празни раце

Шпанскиот тим победи со 2:1, нанесувајќи му го на Интер првиот пораз сезонава во елитното фудбалско натпреварување.

- Беше разочарувачки пораз бидејќи сакавме да направиме повеќе од тоа само да си одиме дома со празни раце. Добро го започнавме натпреварот, но потоа примивме гол. Успеавме да одговориме со интензивна игра. По некое време, малку се повлековме. Пофалби за нашите противници. Од никаде на крајот се појави корнер. Ги имавме нашите најдобри играчи во шеснаесетникот, способни за скок-игра, но сепак примивме гол. Ова е втор пораз по ред каде што игравме добро, но не успеавме да си заминеме со бодови. Треба да ги засукаме ракавите, да покажеме упорност и да ја завршиме работата на теренот, изјави Киву.

Интер по пет коло во ЛШ се наоѓа на 4.место со 10 бода, Атлетико Мадрид собра девет бода и е на 12. позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер