Китев: Мицкоски е против правдата, се грижи само за имотот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо поддршка за ЈО

Во ВМРО- ДПМНЕ ништо не се менува, рече на прес конференција п, Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Христијан Мицкоски е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото.

Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицковски во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава

Христијан Мицкоски, Законот за Јавно обвинителство го поврзува со имотот на партијата.

А од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.

Христијан Мицковски на овој начин само потврдува дека поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.

Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта. Опозициската партија се уште е во криминалната матрица на Груевски.

Затоа, на 12 април, граѓаните на ваквиот неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон државата и институциите ќе одговорат на 12 април кога уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на опозицијата.

На 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат - режим никогаш повеќе!, рече Китев.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер