Китановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесува - Канал 5

Китановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесува

Китановиќ се извини и ја повлече објавата, Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. 

Китановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесува

Откако Директорот на агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ се извини и ја повлече објавата во која го величаше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, премиерот Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Смета дека Китановиќ сватил дека погрешил и го избришал статусот и дека станува збор за индивидувален став, спотивен од владината позиција.

„Мислам дека сега не треба да го распнуваме за нешто и да бараме кривична одговорност за нешто за што самиот сфатил дека погрешил, се извини и го повлекол својот став. Владата е демократска, има своја дебата во рамките на коалицијата и кога ќе се донесе став за одредено прашање, сите чинители на Владата треба тој став да го следат“– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Во меѓувреме од Бошњачкиот демократски сојуз поднесоа кривична пријава против Далибор Китановиќ. Сметаат дека воените злосторства не смеат да бидат предмет на глорификација и дека е недозволиво носител на јавна функција со своите постапки и јавни пораки да ги релативизира воените злосторства и да го навредува достоинството на жртвите. Од опозициската СДСМ пак бараат оставки од Китановиќ и Стоилковиќ и сметаат дека тоа што владата не бара нивна одговорност значи дека ги поддржуваат ваквите ставови.

-Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците. Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал, наведуваат од СДСМ.

Претходно од Владата го повика Китановиќ да го повлече ставот од социјалните мрежи изнесен за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка, по што првиот човек на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја повлече објавата им се извини на премиерот и членовите на Владата и порача дека никогаш немал намера да навреди или понижи припадник на кој било народ, вера или етничка заедница. Јавно изнесениот став на Китановиќ наиде на осуда и од владеачката Вреди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. 

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите.

Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка.

-Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски.

Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг.

-Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов.

Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката.

Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем.

-Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија.

И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон.

Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија.

Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Диего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал

Шпанскиот фудбалски гигант, Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 2:0 во 11 коло од Ла Лига и привремено го презеде врвот на табелата, но натпреварот беше одбележан со историско достигнување на предводникот на популарните „јорганџии“ Диего Симеоне.

Диего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал

Аргентинскиот стручњак ја оствари својата 344-та лигашка победа на клупата на „јорганџиите“, со што се израмни со легендарниот Луис Арагонес на врвот на вечната листа на најуспешни тренери во историјата на шпанското првенство.

Атлетико триумфираше на гостински терен со головите на Алехандро Грималдо во 28-мата минута и Џулијано Симеоне во 62-рата минута.

Податокот дека Симеоне стигнал до 344 победи на само 565 натпревари звучи особено импресивно, додека на Арагонес му биле потребни дури 756 натпревари за истиот учинок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер