Китанов: Според планираното градежните работи на патиштата во кривопаланечко

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се одвива според планираното.

До крајот на месецов се очекува да заврши и обновата на стариот пат на овој потег, а се работи и на реконструкцијата на патот Крива Паланка Деве Баир, каде ќе има проширување со уште една лента, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Тој при денешниот увид на градежните активности во патната инфрструктура во кривопаланечкиот крај истакна дека сите работи се одвиваат како што треба како никогаш досега и оти град и регионот ќе добијат квалитетни, реконструирани и рехабилитирани патишта и изградени нови патни правци

-Извршив увид на повеќе локации, каде се работи како никогаш досега. Најпрвин на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка каде се работи на мостовите, вијадуктите, се пробиваат трасите, согласно динамиката на градба се се одвива како што треба. На делот кој се рехабилитира, стариот пат од Ранковце до Крива Паланка, 21 километар од вкупно 22,7 километри се рехабилитирани. Уште 1,7 километар останува од целата траса и до крајот на месецов се очекува се да биде завршено со сигнализација. Утре почнува рехабилитација на патниот правец во село Луке, кривопаланечко, вчера заврши кај селото Огут, рехабилитација, изјави Китанов.

Тој ги претстави и активностите за реконструкција на патот од Крива Паланка до граничниот премин Девер Баир, што стартуваа пред три месеци, потенцирајќи дека бил изненаден од написите на оние, како што рече, кои во изминатите 15-тина години еден километар асфалт немаат ставено во овој регион на овој патен правец, а кои тврдат дека овде ништо не се работи.

Китанов рече дека изведувачот на работите АД„ Гранит" има рокови и динамика на градба, а крајниот рок за изведување на рехабилитацијата е 24 месеци.

-По дента кога почнааа активностите на овој патен правец, паѓаше снег, имаше неповолни временски услови и ниски температури, а ова се сериозни градби и мора да се има предвид дека во минатото и не било водено грижа околу давањето дозволи, па на истиот потег на патнито правец има и еден специјален довод за хидроцентрала, кој се поклопува со трасата за што мораше дополнително да се прави исправка и да се наоѓа решение. Во изминатите 2 години и 7 месеци направивме многу отколку оние кои критикуваат за 12 години. Сите работи се работат како што треба и како никогаш досега овој регион и овој град ќе добијат квалитетни, реконструирани и рехабилитирани патишта и изградени нови патни правци, дополни Китанов.

Реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир, делница со должина од 13 километри, е проект вреден 12,4 милиони евра, а предвидува изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на четири нови моста и реконструкција на постојниот коловоз.

Европската банка за обнова и развој го финансира проектот со кредитно задолжување од 10 милиони евра, додека ЕУ обезбеди неповратен грант од 2,4 милиони евра преку Инвестициската програма за Западен Балкан./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер