Кит опкружен со луѓе снимен на плажа во Австралија: Подоцна се насукал и угинал - Канал 5

Кит опкружен со луѓе снимен на плажа во Австралија: Подоцна се насукал и угинал

Грбавиот кит кој во саботата беше снимен како плива меѓу луѓе на плажа во Западна Австралија, подоцна се насукал на брегот и угинал.

Кит опкружен со луѓе снимен на плажа во Австралија: Подоцна се насукал и угинал

Службениците за заштита на дивиот свет неколку дена се обидувале да го одвлечат возрасниот кит, кој бил повреден и изгорел од сонце, во подлабоките води, но безуспешно.

Властите сега работат на отстранување на трупот на 15 метри долгиот угинат кит за да се намали ризикот од напади на ајкула. Угинатиот кит е цицач и е најголемиот кит со заби во светот.

Се храни во длабокото море и ретко се гледа блиску до брегот.

Затоа властите биле загрижени кога дознале дека китот-ајкула пливала толку блиску до плажата Порт во Фремантл.

– Веднаш знаевме дека не е во добра состојба – изјави Марк Кагли, портпарол на државниот Оддел за биолошка разновидност и конзервација, а пренесува Би-би-си.

Животното тешко 30 тони се вратило во подлабоките води по средбата со капачите, но експертите за диви животни предупредиле на опасноста од насукање .

Китот потоа повторно се појавил во близина на Рокингем, каде што се насукал.

Властите ја затвориле плажата и се обиделе да го спасат огромното животно.

Спасувачите го прскале со вода за да го заштитат од изгореници, но на крајот китот бил слаб за да може да се врати во длабоките води.Огромниот кит потоа следното утро угинал.

Поединечното насукување на китови не е невообичаено во Австралија, особено кога животните се болни, што предизвикува нивно дезориентирање. Овие китови во областа се загрозен вид. Нивниот број се опоравува откако речиси биле ловени до истребување во 19 и 20 век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договорот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .

Нова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договорот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот.

Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент.

Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите.

Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година.

Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед.

Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот.

Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години.

Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Откако пукна огромниот скандал со Алта банка, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се заташка случајот.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Трајко Славески самиот се обвини. Ставил потпис, дал дозвола за работа на банка што според информациите во Србија служела за перење пари стекнати со криминал и корупција. Последните информации се дека постои сомнеж и за печатење пари.

Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски,

Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија.

Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава.

Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задачаи.

На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ.

Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.

Гледаме во Србија што се случува со обвинителите што слепо ги слушале наредбите на Вучиќ. Се очекуваат апсења на главните обвинители што ѝ служеле на организираната криминална група и на режимот на Вучиќ.

Затоа Савески мора да покаже дека работи независно и по закон.

Гувернерот Трајко Славески исто така има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење, за злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока.

Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника.

Паниката ја направија Мицкоски и Славески. Тие ја донесоа криминалната банка во Македонија, тие јавните претпријатија ги внесоа во Алта банка, тие им велеа на граѓаните дека се е во ред.

И тие воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните.

Сега граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски прета во калта.

Влегува во дилови и за продажба на банката иако Мицкоски нема никаква надлежност.

Во Собранието лаже на надзорната расправа за Алта банка, ги лаже пратениците, ја лаже јавноста.

Се плаши, од тоа што ќе покажат документите, што ќе се открие потеклото на капиталот, трансакциите, сметките и неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Затоа е потребна брза и силна реакција од Обвинителството.

Мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туск: „Нема да прифатиме таков договор“

Европските нации нема да дозволат САД и Русија да преговараат за нови безбедносни правила за европскиот континент без нивно учество, изјави полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка заедница во Даблин.

Туск: „Нема да прифатиме таков договор“

„Во никој случај нема да дозволиме некој да воспоставува нови безбедносни правила во овој дел од светот зад наш грб – зад грбот на Полска и Европа“, им рече Туск на новинарите, како што пренесува „TVP World“.

Тој нагласи дека новата безбедносна архитектура за Европа не може да се воспостави еднострано, врз основа на барањата на Москва или Вашингтон.

„Нема да градиме нова безбедносна архитектура само затоа што рускиот претседател, или, на пример, некој во САД, го сака тоа. Тоа воопшто не доаѓа предвид“, изјави полскиот премиер.

Неговата изјава доаѓа по извештајот на медиумот „Аксиос“, кој – повикувајќи се на два извори запознаени со разговорите – откри дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Москва да изнесе предлози за иден безбедносен договор што се однесува на Европа.

Според американскиот медиум, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф побарале од руските претставници да ги изнесат своите безбедносни барања и да предложат мерки за деескалација на тензиите со европските земји, за време на преговорите за Украина што се одржаа во Абу Даби претходно оваа недела. Овие разговори, водени со американско посредување, завршија без конкретен договор.

Русија бара ограничување на присуството на НАТО

Веќе некое време, Русија се залага за ограничување на проширувањето на НАТО и намалување на западното воено присуство во Источна Европа – барања што Вашингтон претходно ги отфрли.

Туск предупреди дека секој потенцијален договор за нова безбедносна архитектура би бил од особено значење за Полска, која граничи со Украина и со руската Калининградска област.

Варшава е во состојба на висока готовност уште од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година и постојано ја обвинува Москва за саботажи и други непријателски активности.

Путин се согласува на европско учество

Во меѓувреме, американскиот пратеник Стив Виткоф во четвртокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил да дозволи учество на европски претставници во следната рунда преговори за Украина. „Европјаните ќе се приклучат на следниот состанок, што го сметаме за многу важен момент, бидејќи тие се наши партнери и за нас е важно да учествуваат“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Москва.

Доколку дојде до ова, тоа ќе биде првпат европски претставници директно да учествуваат во преговорите предводени од САД, откако Трамп, по враќањето во Белата куќа, покрена дипломатска иницијатива за ставање крај на војната во Украина. Туск истакна дека гледа единствен став меѓу земјите-членки на Европската унија во однос на потребата од европско вклучување во преговорите и зачувување на безбедноста на истокот од континентот.

Според него, секој мировен договор мора да гарантира зачувување на суверенитетот на Украина, како и на постојната безбедносна архитектура во Источна Европа.

„Можам со прилично голема сигурност да кажам дека не гледам никакви внатрешни поделби или пукнатини меѓу земјите од Европската унија“, рече Туск.

Сепак, тој призна дека дипломатските цели на Вашингтон може, до одреден степен, да се разликуваат од очекувањата на европските држави.

„Целите на американската дипломатија може донекаде да се разликуваат од она што го очекува Европа“, заклучи полскиот премиер.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер