Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД
1Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД
3Сенаторите бараат од Трамп да ја повлече поканата на Путин: Му се дава легитимитет со доаѓањето на Г20
РакометКисум повеќе не е дел од Еурофарм ПелистерМакедонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката.- Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум. РК Еурофарм Пелистер му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум, соопшти битолскиот клуб. Во првиот дел од сезоната Кисум постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САДПретседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД. Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела. Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит ШвајцаријаМакедонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија. Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во ДуќанџикВо Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага. Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook