МакедонијаКисела Вода: Започна заедничката еко-акција со ЈП „Паркови и зеленило“ Од улица „Коперникова“ во населбата Драчево почна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, што Општина Кисела Вода од денеска ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“. Од улица „Коперникова“ во населбата Драчево почна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, што Општина Кисела Вода од денеска ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ под ингеренции на Град Скопје, информираат од Општината. На денешниот настан присуствувале градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, кои заедно ја следеле и поддржале теренската интервенција, согласно нивната неодамнешната работна средба, на која била договорена зајакната соработка со фокус на подобрување и одржување на јавниот простор. Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, се спроведува еднонеделна еко акција што опфаќа, собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, кастрење на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници и појасите со тревна вегетација низ сите урбани и месни заедници. Активностите се одвиваат согласно претходно изработен план на општинските служби, дополнет со пријавите и барањата од жителите. На терен се ангажирани целокупната механизација и екипите на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“, а опфатени се парковите и јавните зелени површини на територија на општина Кисела Вода. Вакви теренски зафати, доколку дозволат временските услови, ќе се одвиваат во текот на целата недела. - Оваа недела во соработка со ЈП„Паркови и зеленило“, интензивно работиме на чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини низ Кисела Вода. Ангажирани се целокупната механизација и теренските екипи, а се врши собирање на лисната маса, расчистување на отпадоци, поткастрување и отстранување на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници. Со овие зафати директно го подобруваме изгледот и хигиената на јавниот простор. Целта ни е секое маало да биде почисто и поуредено, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, апелирам до граѓаните да се вклучат со одговорно однесување и заедничка грижа за животната средина, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Утре акцијата продолжува на улиците „Народни херои“ и „Пушкинова“.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook