МакедонијаКисела Вода: Субвенции за поставување нови и санација на постоечки лифтовиОпштина Кисела Вода распишa два јавни повика со кои се предвидува финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови, како и за поставување нови лифтови во колективни станбени згради на нејзината територија.Првиот јавен повик се однесува на санација и поправка на постоечки лифтови. Преку оваа програма, ќе се обезбеди финансиска помош за делумен финансиски надомест на трошоците што ги направиле заедниците на сопственици и управителите на згради при санацијата на лифтовите. Поддршката ќе изнесува до 30% од вкупната вредност на санацијата, но не повеќе од 200.000 денари по влез, а вкупниот буџет за оваа мерка изнесува 600.000 денари. Средствата се предвидени преку Програмата на секторот за Месна самоуправа во буџетот на Општината. Вториот повик се однесува на финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени згради. За таа намена, за 2025 година се предвидени 2.000.000 денари, а поддршката ќе изнесува до 50% од вкупната вредност на проектот, но не повеќе од 500.000 денари по влез. За двата повика, право на учество имаат сите влезови поединечно кои имаат регистрирана заедница на сопственици или избрано правно лице – управител, согласно Законот за домување. Апликантите треба да достават целосна документација, вклучувајќи барање, имотен лист, одлука за учество со сопствени средства (потпишана од најмалку 50% плус еден сопственик), договор со изведувач и надзор, како и други релевантни документи. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до исцрпување на предвидените средства. -Денеска распишавме два јавни повика со една единствена цел: да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани. Првиот е наменет за поставување лифтови во постари згради кои никогаш не ги имале, а вториот – за санација на лифтови кои поради старост или неодржување, се веќе небезбедни или често во дефект. Се работи за мерки кои значат директна грижа за населението. Се среќаваме со мајки што секојдневно го носат бебето и количката по неколку ката, со пензионери што ретко излегуваат затоа што немаат како да се симнат, со лица со попреченост кои живеат во изолација поради нефункционални лифтови. Тоа е реалноста што сакаме да ја менуваме. Преземаме конкретни мерки, решаваме системски, вложуваме таму каде што другите со децении не ни погледнале. Ги повикувам сите станарски заедници и управители да се пријават на овие повици и заедно да направиме зградите да бидат безбедни и достапни за сите-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Критериумите и потребната документација, како и сите детали околу двата повика се достапни на веб страницата на Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
КултураНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработкаНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа. НУ Народен театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и културата. Народен театар Битола – со корени во традицијата, со поглед кон светот!Тагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook