Кисела Вода отвори ново кино во Драчево во партнерство со „Киноверзум“ - Канал 5

Кисела Вода отвори ново кино во Драчево во партнерство со „Киноверзум“

По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино.

Кисела Вода отвори ново кино во Драчево во партнерство со „Киноверзум“

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на оваа општина и вкупно петта во мрежата на оваа групација во Македонија.

Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше актерот Рубенс Муратовски, а вечерта беше заокружена со проекција на меѓународно наградуваниот документарен филм „Приказната за Силјан“, кој беше македонски кандидат за “Оскар”.

-Ова е историски чекор, бидејќи по времето на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија кое добива свое модерно кино. Со овој чекор потврдуваме дека културата не смее да биде привилегија на центарот, туку право на секој граѓанин. Нашата визија е јасна- ја носиме уметноста таму каде што е домот на луѓето. Сакаме врвните филмски остварувања да бидат на само неколку чекори од вашиот праг-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека ова е второ заедничко кино со „Киноверзум“ и е доказ дека со јасна заедничка визија се постигнуваат видливи и трајни резултати.

Посебно признание на настанот им беше оддадено на гостите, режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски. Нивниот филм „Приказната за Силјан“, кој беше македонски кандидат во трката за „Оскар“, кој е откупен од „National Geographic“ и добитник на бројни награди на реномирани светски филмски фестивали, беше симболично избран за првата проекција на новото филмско платно во Драчево. За жителите на Драчево ова имаше и емотивна вредност, со оглед на тоа што продуцентот Петковски потекнува токму од ова место.

- Ова е седма година од постоењето на “Киноверзум” и горди сме што вечерва го отвораме нашето петто кино. По Штип, Велес, Свети Николе и првото кино во Кисела Вода, сега и Драчево добива филмска сцена со најсовремени технички услови. Опремено со ласерски кино-проектор и врвен систем за звук, на посетителите им ги нудиме најактуелните светски филмски хитови по најпристапни цени. Веќе од утре, на редовниот репертоар во Драчево се филмовите “Свадба” и “Оркански височини“, изјави Михаела Ѓорчева, основач на „Киноверзум“.

Овој проект е вистински пример за континуитет во спроведувањето на добрите идеи и плодна соработка, со оглед на тоа што иницијативата за негово отворање започна уште во мандатот на претходникот на Стаменкоска Трајкоска, сегашниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Со оваа реализација, Општина Кисела Вода ја потврдува својата посветеност на културната инфраструктура, правејќи ги Драчево и Кисела Вода нови културни епицентри достапни за сите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер