Кисела Вода организира бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветоодделенци - Канал 5

Кисела Вода организира бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветоодделенци

Овој пристап претставува континуитет на заложбите на Општина Кисела Вода да вложува во младите генерации, овозможувајќи им поддршка, еднаквост и достоинствено одбележување на важните животни премини. 

Кисела Вода организира бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветоодделенци

Во насока на промовирање еднакви можности и поддршка за младите, Општина Кисела Вода годинава воспоставува нов концепт на одбележување на полуматурата. За првпат, сите ученици од деветто одделение во основните училишта на територијата на општината ќе имаат можност за бесплатна, заедничка, дневна прослава, целосно финансирана од страна на локалната самоуправа.

Во рамки на оваа иницијатива, отпочна и нов, оригинален проект реализиран во соработка со Телма телевизија – емисијата „Мисија Полуматура“. Станува збор за едукативно-креативен формат во кој околу 40 ученици од сите општински училишта се вклучени како активни учесници во осмислувањето и реализацијата на својата полуматурска прослава. Низ серија на активности и предизвици, учениците покажуваат вештини за соработка, тимска работа, креативност и организација, а целокупниот процес се следи и документира од страна на телевизиската екипа. Првата епизода веќе беше емитувана на Телма, а проектот наидува на позитивни реакции од јавноста.

-Со овозможувањето на бесплатна, заедничка дневна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во општина Кисела Вода, ја потврдуваме нашата определба дека секое дете заслужува еднаква можност да ги одбележи значајните животни случувања, независно од социјалните или економските околности. Дополнително, преку реализацијата на проектот ‘Мисија Полуматура’, се создава простор каде младите од Кисела Вода можат активно да се вклучат, да покажат одговорност, иницијативност и тимска култура – вредности кои претставуваат основа на секое функционално и просперитетно општество. Овие млади луѓе, со својата енергија, ставови и идеи, ја претставуваат иднината на нашата општина и нашата држава. Затоа, инвестициите во нивните потреби, развој и социјална интеграција остануваат еден од клучните приоритети на локалната самоуправа-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Првата епизода на “Мисија Полуматура“ на Телма телевизија се емитуваше минатата сабота, со почеток во 08:30 часот и реприза во понеделник во 23:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер