Кисела Вода добива уште еден нов парк - Канал 5

Кисела Вода добива уште еден нов парк

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, каде што започнаа градежните активности за уредување на нов парк.

Кисела Вода добива уште еден нов парк

Просторот кој долги години беше запуштена депонија, наскоро ќе биде целосно преобразен во модерно катче за одмор, игра и рекреација.

Овој проект е дел од пошироката заложба на локалната самоуправа за зелена и уредена општина, во рамки на која, во изминатите три и пол години, се уредени и изградени зелени површини и паркови на повеќе од 80.000 квадратни метри низ Кисела Вода. Новиот парк ќе биде збогатен со дрвја, урбана опрема, осветлување и детско игралиште, достапно како за учениците од училиштето, така и за жителите од околината.

-Денес, започнуваат градежните активности за уредување на дел од просторот на училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов”.

Се работи за изградба на нов, голем парк кој до вчера беше депонија и кој за кратко време од сега ќе биде преуреден во ново катче кое ќе понуди содржини за сите генерации.

Го уредуваме со парковско зеленило и дрвца, урбана опрема, осветлување и модерно детско катче каде најмлaдите жители од нашата општина ќе можат да уживаат во својата игра.

Сето ова, хортикултурно ќе го уредиме за да изгледа уште поубаво. Сакам да се заблагодарам на општествено одговорната компанија за оваа вредна донација, која ги препозна нашите заложби за чиста и зелена општина. Овој пример, треба да го следат и другите.

Исто така, огромна благодарност до министерката за образование Весна Јаневска, која заедно со директорката на училиштето Александра Јаковчевска овозможија овој запуштен простор и депонија, да стане модерен парк кој покрај дечињата од училиштето, ќе можат да го користат и жителите од овој дел на општината.

За скоро време, граѓаните од овој дел на Кисела Вода добиваат катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено.

Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трката продолжува: Направен полнач од 1,5 мегавати!

Трката за развој на брзи полначи за електрични автомобили во Кина повторно добива на интензитет – „Dongfeng“ објави дека направил систем кој испорачува до 1,5 MW, или 1.500 kW, преку една конекција.

Трката продолжува: Направен полнач од 1,5 мегавати!

На овој начин, „Dongfeng“ се изедначи со максималната моќност со најновиот полнач од „BYD“, што дополнително ја нагласува сè пожестоката конкуренција меѓу кинеските производители во нивните напори да го намалат времето на полнење на електричните возила на само неколку минути.

Овој потег, исто така, означува поширока стратегија на „Dongfeng“ насочена кон развој на нова генерација на поддршка на инфраструктурата и високонапонски системи за погон, во време кога целата автомобилска индустрија се движи кон полнење на ниво на мегавати, како за патнички автомобили, така и за комерцијални електрични возила.

Во срцето на најновата технологија за полнење на „Dongfeng“ е модуларен систем базиран на кабинет за напојување од 1,2 мегавати. Неколку такви единици можат да се поврзат за да формираат заеднички енергетски базен, што може да го зголеми вкупниот капацитет на станицата за полнење на 2,4 мегавати или повеќе.

Кога е поврзан со компатибилно возило, еден порт за полнење може да обезбеди максимална моќност од 1.500 киловати, струја до 1.500 ампери и работен напон до 1.000 волти.

Полначот е дизајниран со широк опсег на напон од приближно 150 до 1.000 волти, што му овозможува да биде целосно компатибилен со широк спектар на постојни и идни електрични модели. Во случај двата кабли за полнење да се користат истовремено, достапната моќност автоматски се дели помеѓу двете возила.

Донгфенг наведува дека вкупната ефикасност на системот е висока од 96,7 проценти, што го прави овој полнач еден од првите производи во индустријата што го доби првото ниво на сертификација за енергетска ефикасност според новиот национален стандард на Кина.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер