Кирков: Во Скопје ЗОО починаа уште две лами - Канал 5

Кирков: Во Скопје ЗОО починаа уште две лами

Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години.

Кирков: Во Скопје ЗОО починаа уште две лами

Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години , ја нареков куќата на стравот со цел да некоја "умна" глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите "професионални" кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности!

Пред 4 или 5 дена починале две Лами за кој неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза а пред само нешто повеќе од 1 месец исто така починаа две Лами за кој се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!

Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене.

Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно.

За ова како и за се претходно што се случува во Скопје Зоо некој мора да поднесе одговорност и да одговара!

Данела Арсовска што уште ке му направиш на Скопје ?

Ги охрабрувам сите новинари , друштва за заштита на животни да го испитаат ова и да ги побараат одговорите и одговорноста од таму кај што треба, јас како Советник во Град Скопје како и секогаш истото ке го направам!

https://www.facebook.com/Stekso/posts/pfbid0RdWpDsgSvjr3a8eFHNG8J5uHSERSuS9B5BgH1217DqhoJ718khAc1kVf1upuEVDul

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Беспилотно летало погоди прометна плажа на Црното Море во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, Русија ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Несреќата се случила на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, таа е популарна дестинација за одмор за русите, особено откако санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни.

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани.

Како може иднината на Македонија да биде тајна?

Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува - само МНР не.“

Тоа е неприфатливо.

МНР не е институција над Владата. Тоа е дел од истата Влада што две години нема отворено ниту еден кластер, што ги проби роковите за реформи (ветени до 1 јуни) и што единствен „резултат“ што го нуди е наративот дека опозицијата нема право да зборува.

Муцунски тврди дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.

Но фактите се поинакви.

Самите функционери на ВМРО ги признаа успесите на претходната влада:

• Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“;

• Претседателката Сиљановска-Давкова потврди дека идентитетот, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани;

• Самиот Муцунски денес зборува за бенефитите од членството во НАТО - иако ВМРО со години беше против тој процес.

Значи сите тројца го пофалија она што претходната влада го направи.

За какви „попуштања“ тогаш зборува Муцунски?

Претходната влада работеше транспарентно.

Оваа влада работи зад затворени врати.

Единствената „тајна“ што постоеше тогаш беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас - истата што продолжува и денес.

Реалноста е јасна: актуелната надворешна политика сѐ повеќе се движи меѓу влијанието на „српскиот свет“ и рускиот фактор, наместо јасно европско позиционирање.

Прашањето до граѓаните е едноставно:

По сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, по сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат -

Дали верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во ваше име?

Дали му верувате на Христиан Мицкоски?

Критиката кон МНР не е напад на државата.

Тоа е обврска кога надворешната политика се партизира и кога нема никакви резултати.

Ако МНР навистина работи во интерес на Македонија - зошто преговорите се тајни и зошто граѓаните на Македонија не можат да знаат што се договара?

Ако Тимчо бара имунитет и тајност - проблемот е многу подлабок.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. 

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, (без никакви дополнителни општествени и креативни додатоци ) впрочем и самата стрип култура во себе состои повеќе култури, социјални пораки и уметнички светови. Овие манифестации се финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како и Општина Велес.

Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број на уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што извести Томе Трајков од организацискиот тим, наместо ланскиот рекорден број на примени стрипови од 396 автори, годинава нивните пријави се многукратно надминети,(497) со што конкурсот го достигнува својот историски врв по масовност на пријавени уметници од целиот свет.

Во пристигнатите трудови доминираат стрипови од македонски автори од разни генерации и градови, што ја потврдува домашната уметничка сила и силниот континуитет на сцената. Сепак, конкурсот има силен глобален карактер — на него масовно учествуваат автори од балканските држави, но и од далечната Азија, Полска, па сè до Нигерија, со што Велес се зацврстува како светска престолнина на деветтата уметност.

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер