Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
МакедонијаКирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза - туберколоза е причината за смртта и на eвропскиот бизонНеодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза.Би сакал за жал да ги споделам информациите кој ги имам а се однесуваат на нашата Зоолошка градина и тоа по основ на последните случувања со смртта на повеќе животни, се наведува во денешното соопштение на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Фејсбук-објава, што МИА го пренесува интегрално. Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на Туберколоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт. За трагедијата да биде уште поголема пред 10тина дена почина и Бизонот за кој денес добив официјални резултати дека истиот бил болен од Туберколоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек. Резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина. Информациите кој ги добивам од Зоолошката внатре и од вработените е повеќе од аларматна, Зоо е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква опрема соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има 100 тици посетители кој поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни! Менаџментот молчи, речиниси и да го нема, ова кое се случува во оваа установа е загрозување на општа опасност по вработените, посетителите и животните. Апелирам, алармирам веднаш државните институции да направат вонреден инспекциски надзор и да постапат согласно протоколите кој ги налага ЕАЗА и Светската здравсгвена организација. Итна проверка на сите вработени да се тестираат како и земање брисеви од сите животни и живеалишта, доколку е потребно и времено затворање на оваа установа се додека не се процени дека е безбедна! Менаџментот Попов и Стаменов молчат, ги нема на работнното место, ги нема на седниците на Совет, ги нема да одговорат за цел овој хорор кој се случува во нашата зоолошка, заедно со мојата советничка група од ВМРО –ДПМНЕ планираме да поднесеме и кривична пријава против гореспоменатите за секое едно животни и за се што овие луѓе и направија на најстарата зоолошка градина во Европа која догодина ќе прави 100 години од своето постоење, установа која беше и треба да биде лицето на нашиот Град! Според информациите од јавен карактер кој ги побарав од ЗОО Скопје и ги добив за само 3 години починаа повеќе од 50 животни , до сега не видовме никаква одговорност ,истрага или било што од менаџментот кој е заслужен за тоа со презимиња ПОПОВ И СТАМЕНОВ! Во оваа установа имаше колење на коњи, труење на коњи, труење на волци, труење на бербески овци, угинати животни од плевмонија, угинати животни од бактерии, салмонела од расипана исхрана, угинати животни од непознати причини и многу уште за што сето тоа ке биде представено во правна постапка против горенаведените за кој треба и тоа како да одговараат! Одговорност мора да има и ќе има! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Кирков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter