3„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
КултураКирило-Методиеви научни средби на Богословскиот факултетНаучните средби имаат цел за одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“На Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Вторите Кирило-Методиеви научни средби“ во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Научните средби имаат цел за одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во контекст на зачувувањето и афирмирањето на вековните македонски историски и црковни традиции. Прераснуваат во препознатлив академски форум на кој во иднина ќе бидат засегнати и отворени прашања од областа на кирилометодиевистиката како фундамент на македонската средновековна историја, книжевност и јазик, како и како општо цивилизациска придобивка. На свеченото отворање ќе се обратат ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов, по што ќе следи промоција на Зборникот од Првите Кирило-Методиеви научни средби, од академик Ѓорѓи Поп Атанасов. Тагови: Свети Кирил и Методиј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Меси за фотографија со Јамал како бебе: „Неверојатно“ По крајот на мундијалските полуфиналиња и победите на Шпанија и Аргентина, топ вест во светските медиуми е една фотка на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и неговиот наследник Ламин Јамал како бебеИ Лионел Меси, како и целиот свет, е вчудовиден од фактот дека ќе игра за светската титула против момчето што го држел во рацете пред две децении. Сега веќе познатата фотографија на Меси – направена во времето кога тој го градеше својот пат во Барселона – и на сосема малото, новородено бебе Јамал, повторно стана актуелна откако Ламин се проби во првиот тим на Каталонците и многу брзо со право според игрите се здоби со статус на ѕвезда. Фотката своевремено предизвика неверување во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но повторно излезе во преден план за време на Светското првенство и стана хит откако и двајцата стигнаа до финалето. Сега звучи уште поневеројатно тоа што „моделите“ од таа позната фотографија ќе се борат за светската титула. Дваесет години откако е направена фотографијата. Од сите приказни поврзани со Светското првенство раскажани досега – не само од тековниот турнир – оваа е можеби најневеројатната. „Ламин е играч кој може многу да постигне. Пред него е одлична кариера и можност да направи нешто историско, но се надевам дека тоа нема да се случи овој пат, против нас. Животот е луд, а фактот што и двајцата играме на Светското првенство по онаа фотографија е неверојатен. Му посакувам многу среќа во Барселона. Ќе се обидеме да не му дозволиме да биде во најдобра форма во недела, иако тоа ќе биде тешко“, изјави Меси на настан организиран од ФИФА во Њујорк. На фотографиите направени во 2007 година може да се види како Меси го бања бебето Јамал. Во 2007 година се случи историски момент, а никој не беше свесен за тоа. Всушност, идејата била да се реализира фотосесија за годишен календар. Во декември, каталонскиот весник „Спорт“, во соработка со Барселона и УНИЦЕФ, започна проект за хуманитарен календар. Идејата беше ѕвездите на Барселона да се фотографираат со бебиња, а потоа календарот да се искористи за собирање средства за хуманитарни цели. УНИЦЕФ помина неколку месеци избирајќи семејства од Каталонија кои би учествувале во оваа програма, а за изборот да биде целосно правичен, меѓу заинтересираните родители била организирана ждрепка. Извлечено било семејството на Ламин Јамал. Но, тука не завршило сè. Не се знаеело со кого ќе се фотографира момчето, а кога семејството пристигна на „Камп Ноу“, ги пречекало изненадување – на нивниот син му бил доделен никој друг туку Лионел Меси. Овој момент го овековечија фотографите Жан Монфор и Ориол Каналс.Тагови: Ламин Јамал Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лицаВо двата земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни загинаа над 5 илјади лица, изјави претседателот на парламентот, Хорхе Родригез.Бројот на повредени и натаму е над 16 000, додека 17 илјади лица останаа без покрив над главата како последица од земјотресите. Според претходно објавени податоци, оштетени се речиси 900 згради... Земјотресите што ја погодија венецуела инаку, беа со јачина од 7,2 и 7,5 степени според рихтеровата скалаТагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБерлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбранаОдлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров предизвика реакција во Германија, каде што од федералната влада сега се бара да изврши притисок врз Киев да го врати поранешниот министер.Претседателот на Комитетот за прашања на Европската унија на Бундестагот и пратеник на зелените, Антон Хофрајтер, рече дека Зеленски направил „сериозна грешка“ и дека неговата кадровска одлука е резултат на жестока борба за моќ во рамките на украинската држава и военото раководство. Тој нагласи дека Федоров бил многу успешен министер и се сметал за неподмитлив политичар во Киев и меѓу западните партнери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter