Кирил Лазаров нов селектор на Македонија - Канал 5

Кирил Лазаров нов селектор на Македонија

Лазаров на селекторското место го наследува Данило Брестовац кој доби отказ по неодамнешното светско првенство во Египет. 

Кирил Лазаров нов селектор на Македонија

На денешната прес-конференција претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов информирал дека на одржаната седница на управниот одбор на федерацијата, членовите на управниот одбор на РФМ едногласно го усвоиле предлогот за назначување на Кирил Лазаров за селектор/тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.

На прес-конференција Кирил Лазаров се заблагодари на доверената поддршка од страна на РФМ и информираше дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб. Лазаров на селекторското место го наследува Данило Брестовац кој доби отказ по неодамнешното светско првенство во Египет.

Лазаров кој моментно е член на Нант, до крајот на годината треба да ја докомплетира тренерска едукација и да ги обезбеди потребните сертификати по што ќе добие четиригодишен договор. Дотогаш Лазаров формално ќе го води националниот тим како тренер. Негова прва акција на новата функција ќе му биде квалификацискиот меч со актуелниот светски шампион Данска идниот месец. Македонија добро стои во квалификациите по победите над Финска и Швајцарија и е на прагот до пласман на европскиот шампионат во Полска и Словачка идната година.

Кирил Лазаров е еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт. Играше за гиганти како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал и Барселона, со нив има освоено 15 трофеи национален шампион, а со Каталонците и една титула европски првак. Неколкупати беше најдобар стрелец на лигата на шампионите, европските и светските првенства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез во солзи: Плаче за својот син Макс

Светската музичка и филмска ѕвезда Џенифер Лопез е видена како ги брише солзите за време на прославата по повод матурата на нејзиниот син Макс, кој успешно го заврши средното училиште.

Фото: Џенифер Лопез во солзи: Плаче за својот син Макс

Папараците ги забележаа емотивните моменти за време на церемонијата, а фотографиите ја покажуваат Лопез како ги брише солзите и го следи еден од најважните денови во животот на својот 18-годишен син.

За оваа посебна пригода, таа избра цветен фустан во пастелно зелени тонови, сив кардиган и беж чевли. По церемонијата, таа го прегрна Макс, кој беше облечен лежерно во шарена маица и светли панталони.

На прославата присуствуваа и нејзините родители, Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез, долгогодишниот менаџер Бени Медина и сестрата близначка на Макс, Еми.

Лопез ги доби близнаците додека беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кого беше во брак десет години пред нивниот развод во 2014 година.

Според извештаите, Ентони не се појавил на церемонијата на дипломирање ниту на Макс ниту на Еми. Само еден месец претходно, Лопез присуствуваше и на дипломирањето на нејзината ќерка Еми со своето семејство, вклучувајќи го и Семјуел Афлек, син на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нова провокација од „мајсторите за скандал“, Бјанка и Канје Вест

Бјанка во танга и длабоко деколте мозле крава, во новиот спот на нејзиниот контроверзен сопруг Канје Вест .

Видео: Нова провокација од „мајсторите за скандал“, Бјанка и Канје Вест

Тој на полева со млеко

Контроверзниот пар повторно но сега најверојатно најжестоко ја возбуди јавноста со овој проект, претставувајќи го како пример за креативна иновација, додека бројни критичари го оценуваат како обична провокација без уметничка вредност. Кој е во право?

Музичкото видео за песната „Gemini Season“ на Канје Вест премиерно прикажано на неговиот 49-ти роденден, предизвика хаос на социјалните мрежи.

Главната актерка во спотот е нормално Бјанка Цензори која ја потпишува и режијата.

Во една од првите сцени, Бајнка се појавува во провокативен костим додека молзи крава, а потоа ѝ се придружува Канје Вест, на кого му подава сад со млеко. После тоа, контроверзниот рапер и дизајнер истура млеко врз својата сопруга, продолжувајќи низа провокативни сцени по кои овој пар веќе стана препознатлив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балкански музички плоштад во Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ .

Балкански музички плоштад во Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев“ од Штип.

Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид.

Фестивалот го затвара на 21-ви Јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд.

Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен.

И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“.

Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво“, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер