3ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
3Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
БалканКирхбаум: Мора да продолжи политиката на санкции против ДодикДржавниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Гинтер Кирхбаум денеска изјави дека Берлин мора да ја продолжи политиката на санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.- Ситуацијата е многу кревка, бидејќи постои извесен Милорад Додик кој, заедно со своите следбеници во РС, спроведува политика на поделба на БиХ, истакна Кирхбаум на дебатата во Бундестагот за продолжување на ангажманот на германските војници во Мисијата ЕУФОР во БиХ. Тој додаде дека германскиот Парламент не може да прифати такво однесување и оти треба да продолжи со санкциите против Додик. Германија го поддржува европскиот пат на БиХ, но потребни се реформи за тоа, не поради Брисел или Берлин, туку и поради граѓаните на БиХ, посочи Кирхбаум. Во Бундестагот денеска се дебатираше за продолжување на учеството на германските војници во мисијата ЕУФОР за уште една година, а актуелниот мандат истекува во јуни.Тагови: Милорад Додик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчилиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерацијаСо ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација. Уште во 2023 година во Општина Карпош почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден на националната пливачка федерација на македонија. Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сосВо вторник (06.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Зоран Рудан-Цеки.Состојки за денешниот рецепт: 5 зелени пиперки 2 црвени пиперки 3 домати 3 чешниња лук 80 гр. фета сирење 2 млади кромитчиња масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија се развива со конкретни проектиНови инвестиции и подобри услови за живот, се градат и реконструираат улици, паркови, трговски центри.Изминатиот период, Општина Гевгелија продолжи посветено со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за забрзан развој на општината. Еден од значајните проекти е реконструкцијата и реставрацијата на фасадите и партерното уредување на Старата чаршија, со што се зачувува автентичниот изглед на овој простор и се создава нова туристичка атракција, а во тек е и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, од градската библиотека до Железничката станица, при што ќе се зачува препознатливиот изглед со калдрма. Целосно е реконструирана и спортската сала ДТВ „Партизан“, а по завршувањето на опремувањето со спортски реквизити, наскоро се очекува нејзино ставање во употреба, со што се создаваат подобри услови за спортски активности и за развој на спортот кај младите. Во делот на капиталните инвестиции, пуштен е во употреба новиот објект на детската градинка „Сончогледи“, со капацитет за дополнителни 140 деца и реконструкција и асфалтирање на улици во Прдејци, Богородица, Давидово, Моин и Гевгелија. Особено значајни се вложувањата во комуналната инфраструктура, при што во урбаниот блок 4.4 во Гевгелија изградени се нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација на повеќе улици, фекална канализација во Милетково, а во Мрзенци се реализирани проекти за нова водоводна линија и фекална канализација и атмосферски канализации на повеќе улици. Посебно внимание се посветува и на уредувањето на јавните простори и заштитата на животната средина, при што на булеварот „Гевгелија“ на улицата „Деко Ковачев“, се изгради нов урбан парк на површина од 3.150 квадратни метри, со детско катче за најмладите, додека во Миравци е уреден модерен урбан парк со површина од 2.500 квадратни метри, а во Негорци реализацијата на нов урбан парк со детско катче на површина од 2.000 квадратни метри, е во завршна фаза. Во наредниот период се предвидува уредување на зелената инфраструктура кај Сува Река, на површина од 25.000 квадратни метри, со што Гевгелија ќе добие значајна нова зелена површина, во рамките на еколошката акција „Да пуштиме корени во Гевгелија“ засадени се 14.000 нови чемпреси, а поставени се и специјализирани контејнери за текстилен и електричен отпад. Вложувањата во образованието и грижата за најмладите продолжуваат со подобрување на условите во основните училишта, при што од оваа учебна година сите ученици во основните училишта добиваат бесплатни униформи, а се инвестира во нови инвертер клима-уреди, паметни табли, компјутерска опрема, прочистувачи на воздух и подобрување на училишните простории, додека во ООУ „Владо Кантарџиев“ е опремена и сензорна соба со потребните помагала за децата со попреченост. Се отвори и Дневен центар за стари лица со капацитет за 50 корисници, кој обезбедува социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, создавајќи можности за активен и поквалитетен живот на повозрасните граѓани. Во општината се реализирани две големи трговски инвестиции како што е Mega Shopping Park, на површина од 20.000 квадратни метри, и Gevgelija Mall со Vero Jumbo, лоциран покрај автопатот Е75, во близина на граничниот премин Богородица. Овие инвестиции носат нови содржини, над 400 работни места и дополнителен потенцијал за развој на трговијата, услугите и туризмот. Паралелно, продолжуваат активностите за подобрување на туристичката понуда, зачувување на културното наследство и создавање подобри услови за спортски и културни активности. Во завршна фаза е и реконструкцијата на старата училишна зграда во Серменин, која ќе биде адаптирана во туристички информативен центар и простор за одржување настани, со предвидена велосипедска патека во должина од 1.005 метри до манастирот „Св. Илија“. Ваквите вложувања во инфраструктурата, образованието, животната средина, социјалната заштита и економскиот развој ја поставуваат Гевгелија на патот кон уште помодерна, поуредена и поразвиена општина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter