Кире Лазаров потпиша за Барселона - Канал 5

Кире Лазаров потпиша за Барселона

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант.

Кире Лазаров потпиша за Барселона
„Чест и задоволство ми е што во наредниот период ќе бидам дел од спортската институција Барселона. За мене ова е уште еден чекор напред во кариерата и се надевам дека со мој придонес Барселона ќе биде поквалитетен тим, кој ќе ги остварува зацртаните цели како и секогаш“, е првата реакција на 33-годишниот Лазаров по објавувањето на трансферот. „Добро ми е познат системот на игра, бидејќи подолго време настапувам во лигата АСОБАЛ и сигурен сум дека брзо ќе се вклопам во него“ - вели лазаров, пренесе Утрински весник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна снег на Пелистер

Првиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер.

Падна снег на Пелистер

Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка.

Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина говорот пред генералното собрание на ОН  поради сопругата Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Ги изненади сите на Генералното собрание на ОН, по што следуваше аплауз.

За време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп направи кратка пауза и јавно ѝ се заблагодари на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината хуманитарна работа, а потоа низ шега праша каде таа седи.

Трамп погледна низ салата и праша: „Каде е нашата прва дама? Таа е некаде овде.“ Откако накратко ја побара со поглед, американскиот претседател ѝ се заблагодари на првата дама и рече дека таа „напорно работела“, што беше проследено со аплауз и насмевки од присутните.

На видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како Меланија се смешка и мавта. Американскиот претседател ја пофали првата дама на САД за нејзината улога во глобалната дипломатија, истакнувајќи го нејзиниот настап претходно оваа година пред Советот за безбедност на ОН.

Трамп изјави дека таа станала првата прва дама на САД што претседавала со седница на Советот за безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија

Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи, синоќа бил приведен на Граничниот премин Блаце при влез од Косово во Македонија, а по разговор и испрашување од полицијата бил пуштен на слобода.

Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија

Пушкољи бил приведен врз основа на потерница издадена од Србија, а за приведувањето информираше и самиот Пушкољи преку својот профил на фејсбук. Тој тврдеше дека постапката против него била поврзана со неговото поранешно членство во ОВК и побара реакција и помош од институциите во Косово.

Неколку часа подоцна Пушкољи повторно се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека е пуштен на слобода по извршениот разговор и испрашувањето од македонската полиција.засега нема јавно објавено официјално соопштение од македонските надлежни институции со повеќе детали за правната основа за неговото приведување и причините поради кои потоа бил пуштен на слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер