Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
1Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
ЗабаваКинотеката во јуни стартува со летната сезона и проекција на филмот „Лена и Владимир“ Кинотеката во јуни стартува со летната сезона и проекција на филмот „Лена и Владимир“ од Игор Алексов. Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино - програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини - проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм претежно од седумдесеттите години на минатиот век, како и јубилејни проекции по повод стогодишнината од раѓањето на легендарниот и ненадминат американски актер Марлон Брандо. Програмскиот караван започнува со уште една проекција на македонскиот филм „Лена и Владимир“, по сценарио на Александар Русјаков, а во режија на Игор Алексов. Она што особено ќе го привлече вниманието на кино-сладокусците се премиерните проекции на новиот филм на Софија Копола, биографскиот „Присила“. Филмот, базиран на мемоарите на Присила Присли – Елвис и јас, се нурнува длабоко во комплексноста на нивната врска, претставувајќи наратив што е и интимен и рефлективен. Филмофилите ќе можат да ги видат уште еднаш, но овојпат на големото платно, музичките и рекламните спотови на нашиот – а светски квалитетен – филмски автор Милчо Манчевски. -Музичките спотови на Манчевски не се само визуелно импресивни, туку и симболично богати. Тој успева да раскаже сложени приказни во краток временски формат, користејќи симболи и метафори кои ги прошируваат значењата на песните. Неговите спотови често ги истражуваат темите на љубовта, загубата, надежта и човечката природа, нудејќи длабоки емоционални искуства за гледачите. Со иновативни визуелни решенија, богата симболика и внимателна монтажа, Манчевски создава спотови што остануваат во меморијата на гледачите долго по завршувањето на песната. Токму затоа овие кратки форми се здобија со повеќе награди кај нас и во светот, наведуваат од Кинотеката. Концептуално, се продолжува со филмот „Д Хип-Браинсторм“, во режија на нашиот познат музички документарист и филмски критичар Јане Алтипармаков. Ова ќе биде всушност круна на 30-годишнината од издавањето на култната музичка касета креирана од кумановските алтернативци Д Хип. Долгометражниот музичко - филмски проект е почестен со специјалната награда за музички филм од иницијативата МАН-Македонски алтернативни награди. На ред е речиси тотален пресврт, но не сметано на квалитет туку на содржина и сензибилитет. Станува збор за годинашново издание на „Филозофскиот филмски фестивал“. Овој фестивал ќе го карактеризираат и филмовите во коишто, малку е да се рече главен лик, доминира филмската актерска легенда Марлон Брандо. Неговото специфично, артистичко умеење ќе ги зашемети гледачите. Филмовите се по повод стогодишнината од раѓањето на великанот Брандо, и се проектираат во оригинален, 35 мм формат. Во дигитален формат е понудата на неколку филмови од португалската кинематографија. Станува збор за ремастерирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго ѝ е потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и делата на кинематографиите кои не ни се многу познати, како што е словачката. На самиот крај на јуни, повторно музички креации во филмско пакување. Тие се во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „Скопје синема сити“. -Така, во месецот на липите, Кинотека ги спои разните форми на филмови со неибришлив квалитет, кои ќе бидат посакани пак да бидат видени. Тоа е нормално, добра клима, опоен мирис, опојни дела и овој јуни ќе биде раскажуван, не само меѓу љубителите на филмот, порачуваат од Кинотеката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанинВенко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи.Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници. Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници. Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот секторЗа првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. Со организирањето на националниот испит, за првпат преку Министерството за финансии се воспоставува национална сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, со што се создаваат услови за натамошно професионализирање и зајакнување на оваа значајна функција во институциите. Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите на Министерството за финансии за зајакнување на механизмите за борба против корупцијата и обезбедување законско и одговорно работење на субјектите од јавниот сектор. Воспоставувањето на националниот испит е значајно и од аспект на европскиот интегративен процес. Со неговото организирање се прави чекор кон целосна реализација на препораките на Европската Унија во овој сегмент од Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а воедно се придонесува и кон успешна реализација на следните чекори од Реформската агенда во оваа област. Материјалите за подготовка и прашањата за испитот веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Испитните материјали се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Министерството за финансии – Централната единица за хармонизација. Министерството ја изразува својата благодарност до Европската Унија за поддршката во реализацијата на овој значаен процес. Министерството за финансии во периодот што следи навремено ќе ја информира јавноста за следните чекори во процесот на организирање и спроведување на испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот, заинтересираните може да се обратат до Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија се сомнева во измама: 17.000 респиратори купени за време на КОВИДУнгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава до обвинителството поради сомнение за измама и други кривични дела поврзани со купувањето респиратори во 2020 година.Спорната набавка е извршена за време на пандемијата на коронавирусот за време на мандатот на поранешната влада, а информациите ги потврди и министерката за надворешни работи Анита Орбан, објави Ројтерс. Истрага за купувањето вредно 826 милиони евра Орбан им објасни на новинарите дека жалбата се однесува на купувањето на речиси 17.000 респиратори, чија вкупна вредност достигна 300 милијарди форинти (826 милиони евра). Таа нагласи дека министерството тогаш купило илјадници вишок уреди по надуени цени, кои во реалноста не можеле да се користат. Извор: Индекс.хрТагови: Ковид-19 Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30