3Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
КултураКинотеката во август со атрактивна филмска понуда за летното кино под отворено Кинотеката со нејзиното летно кино „Мирно лето“ најавува дека ја има вистинската забава во вечерните часови во (нај)топлиот месец – август.Августовската програма ја започнуваат со неколку актуелни француски филмови. Играниот ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на Жак Одијар (Jacques Audiard) е забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13-тиот арондисман на француската престолнина, а документарниот КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen) на авторите Мари Амиге, Венсан Миние (Marie Amiguet, Vincent Munier), ни раскажува сторија за потрагата по снежниот пантер. Следува СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine), суптилна драма со добро познатиот ракопис на Франсоа Озон (François Ozon), овој пат на секогаш контроверзната тема за евтаназија – убиство од милосрдие. ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ (SpaceBoy) на Оливие Перу (Olivier Pairoux), филм за најмладата публика со приказна за 11-годишно момче кое има голема љубов кон вселената и науката. Јапонскиот филм ТРКАЛО НА СРЕЌАТА И ФАНТАЗИЈАТА ( Gûzen to sôzô / Wheel of Fortune and Fantasy) на Рајусуке Хамагучи (Ryûsuke Hamaguchi) раскажува три приказни за три женски ликови и ги следи односите меѓу нивните избори и каењето: неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба која произлегува од едно недоразбирање. Во августовската програма повторно ќе има проекции, на како што посочуваат, исклучителниот француски филм ТИТАН (Titane) на Жулија Дукурно (Julia Ducournau), филмска бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, која ја освои „Златната палма“ во Кан 2021, а Дукурно ја подели јавноста со оваа контроверзна филмска сторија. Филмот забележа над 110 номинации на филмските фестивали, освои 28 награди, а со него свечено беше затворено минатогодишното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. На програмата е и германскиот филм ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) на Доминик Граф (Dominik Graf) со приказна сместена меѓу подстанарите на Берлин и неговото подземје во 30-те години од минатиот век, каде што борделите се уметнички атељеа, а на улиците се нацистите со нивните гласни и навредливи пароли, освои петнаесетина номинации и шест награди на германските филмски фестивали. Чилеанскиот наслов ЕМА (Ema) на Пабло Лараин (Pablo LarraÍn) е филм со неверојатна енергија, добра музика и фантастична кореографија, а за ролјата на Маријана Ди Хироламо (Mariana Di Girólamo) велат дека е една од најдобрите креации во светскиот филм во 2019. Авантуристичката акција ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain) на Ли Џун (Li Jun) е еден од најгледаните кинески филмови годинава во светот, со приказна фокусирана на скромноста и личната заложба на главните јунаци, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не е некој странец со супермоќи туку природна катастрофа. ЈАЛДА, НОЌ ЗА ПРОШКА (Yalda, a Night for Forgiveness) во француско-белгиско-иранска копродукција, во режија на Масуд Бакши (Massoud Bakhchi), го поставува прашањето дали телевизиските реални шоуа можат да бидат замена за правдата? Во Иран може, ако даде Господ! Францускиот наслов СВЕТОТ ПОСЛЕ НАС ( Le monde après nous / The World After Us) на Лода Бен Салах (Loda Ben Salah) е приказна за шесте месеци во животот на сиромашниот Лабиди, омеѓени со рокот од издавачката куќа и романсата со една убава студентка. Германскиот ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) на Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) говори за машката хомосексуалност третирана како кривично дело во Германија низ два века и неколку тотално различни општествено-државни уредувања. Полскиот филм ПОТ (Sweat) на Магнус фон Хорн (Magnus fon Horn) е филм за инфлуенсерите на социјалните мрежи прикажан низ призмамата на една згодна, популарна и обожувана фитнес инструкторката. НОЌ НА КРАЛЕВИТЕ (La nuit des rois / Night of the Kings) на Филип Лакот (Philippe Lacôte) е филм снимен во џунглата на Брегот на слоновата коска, каде што затворот под отворено небо е арена во која животот се спасува или губи со раскажување приказни. Хрватскиот филм МАЈКА (Mater / Matriarch) на дебитантот Јуре Павловиќ (Jure Pavlović) е сторија за трауматизирана жена злоставувана од страна на мајка си. Во август Кинотеката ќе понуди и две проекции на филмови на 35 мм лента. Станува збор, како што наведуваат, за веќе класичните дела ЅВЕЗДЕН ЧОВЕК (Starman) на Џон Карпентер (John Carpenter) и ДЕЦА (Kids) на Лери Кларк (Larry Clark). Августовската програма се затвора со ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ и проекција на НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray) на класикот Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau), кој заради сугестивната мрачна атмосфера комбинирана со мелодраматичната морбидност бил сметан за исчекор за стандардите на германскиот експресионизам, наведуваат од Кинотеката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
АвтомобилизамФолксваген подготвува повлекување на 5.000 електрични возила- погодени се пет модели Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батериите.Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батерии, кои во екстремни случаи можат да предизвикаат пожари, објави денес компанијата со седиште во Волфсбург. Внатрешните контроли за квалитет утврдија дека некои ќелии на батерии во одредени возила од семејството модели ID не ги исполнуваат пропишаните стандарди поради грешки во производството кај добавувачот. Проблемот во ретки случаи може да доведе до прекумерно загревање на батеријата, а во најлош случај и до пожар. Според германскиот весник „Ханделсблат“, засегнатите возила ги вклучуваат моделите „ID.3“, „ID.4“, „ID.7“ и „ID. Buzz“, како и моделот „Cupra Born“, кој го произведува шпанскиот SEAT во рамките на групацијата „Фолксваген“. Повлекувањето веќе е започнато во Обединетото Кралство и САД, а компанијата подготвува соодветни мерки во Германија и на други пазари, во соработка со надлежните органи. Како привремена безбедносна мерка, „Фолксваген“ го ограничува полнењето на засегнатите автомобили на максимум 80 проценти од капацитетот на батеријата. Дел од возилата ќе бидат испратени во овластени сервисни центри за проверка на високонапонските батерии, а ограничувањето за полнење ќе биде укинато само откако ќе се утврди дека батеријата е во добра состојба. Компанијата ќе ги извести засегнатите сопственици по писмо, со информации за постапката и следните чекори.Тагови: електрични возила фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
БалканБугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова.Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова, протестирајќи против она што организаторите го нарекоа проруска политика на владата. Протестот беше закажан за 18:30 часот, а повеќе од 10.000 луѓе го потврдија своето присуство преку Фејсбук страницата на настанот. Протестот беше поддржан од организациите BOEC, Движењето за јавен притисок, Движењето „3 март 1918“ и други групи. Демонстрантите скандираа: „Оставка и затвор - Радев е срам!“ Организаторите ги обвинија Радев и Јотова дека се засрамиле со својот став за инцидентите во кои бродови биле потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Тие тврдат дека Русија стои зад нападите и дека лидерите на земјата одбиваат да го признаат тоа, објавува порталот „Новините“. „Јотова и Радев се целосно засрамени од нивното однесување во врска со инцидентите со бродовите што беа потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Цела Европа знае дека ова беа руски напади, само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат. Доста со менталитетот на „зелени чорапи“ (воено-политички кадри)! Доста со глупостите! Доста со зависноста од Русија! Плоштадот нè чека!“, рекоа организаторите. 🇧🇬#Bulgaria: People gathered in Sofia to protest against the reaction of the PM and the President after 4 ships were hit near the coast of Bulgaria. While most of the ships have links to Ukraine and the people it's obvious Russia hit them, PM Rumen Radev and President (former vice-president to Radev) Iliyana Yotova keep claiming there is no evidence which side hit the ships. Many Bulgarians are worried since Radev, this government and Yotova have proven to be pro-Russia in their words and actions. — Nina Petrova (@the_nina_way) October 15, 2026 Тие оценија дека Бугарија станала цел на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин откако поранешните комунисти, за кои тврдат дека само се преправале како „прогресивни“ (Прогресивната бугарска партија), дошле на власт. Според организаторите, во текот на петте месеци од владеењето на Радев, режимот што го нарекоа „путинистички“ бил одговорен за серија саботажи на бугарска територија. Тие вклучуваат пожари во воени магацини, напад врз копнена станица Старлинк и руски напади со беспилотни летала врз четири брода во ексклузивната економска зона на Бугарија пред само неколку дена. Организаторите тврдат дека цивилни морнари биле убиени во нападите. Тие ги обвинија Радев и Јотова дека ја влечат Бугарија во војна со, како што рекоа, кукавичко однесување. Протестот се одржа и откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии за нафта бидејќи повеќе не се смета себеси за обврзана од таканареченото енергетско примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски, исто така, го критикуваше Трамп минатата недела за неговиот договор за дизел со рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи во Брисел, бугарскиот премиер Радев се спротивстави на нападите врз рафинериите и енергетските капацитети за време на пресметката меѓу Украина и Русија. Тој го поддржа договорот Трамп-Путин за рускиот дизел, нарекувајќи го „чекор 2 што обезбедува намалување на цените на горивата“. Еден од демонстрантите во Софија рече дека надворешната политика на владата го поттикнала да излезе на протест. „Тука сум затоа што почнувам малку да се чувствувам засрамен. Не можам да ја разберам оваа повеќеслојна, повеќенасочна надворешна политика на владата“, рече демонстрантот.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МетеоСончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 1 Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11