Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање - Канал 5

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

По повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо, Кинотеката денеска, утре и на 22 јуни со почеток во 20 часот, ќе прикаже три филма во кои великанот на филмот е во главната улога. 

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Филмовите ќе бидат во оригинален формат, на 35 мм лента, како и во времето на премиерните прикажувања.

Вечер ќе биде прикажан вестернот „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година, утре на програмата е „Квемада - Островот во пламен“ на режисерот Џило Понтекорво од 1969 и в сабота (22 јуни) - филмот „Југозападно од Сонора“ во режија на Сидни Џ. Фјури, снимен во 1966 година.

-Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската публика, соопшти Кинотеката. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец се бори за живот,прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

 Седумдесет и шестгодишен скопјанец кој не патувал во странство се бори за живот на респиратор откако го каснал домашен комарец заразен со западнонилска треска, информираше директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.

Скопјанец се бори за живот,прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

Осум регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија сами по себе не претставуваат причина за паника.но, тие се причина за внимание вели епидемиолот Драган Даниловски тој предупредува дека овие осум случаи не треба да се сфатат како вкупниот број заразени.

„Ова е видливиот врв на една епидемиолошка санта мраз“, изјави Даниловски, укажувајќи дека зад секој потврден тежок случај може да стојат десетици, па и стотици лица кои биле заразени без да знаат, бидејќи кај нив инфекцијата поминала без симптоми или со лесна клиничка слика. Ова предупредување се темели на добро познати епидемиолошки карактеристики на вирусот Западен Нил.

Според медицинските податоци, околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, додека кај приближно 20 проценти се развива полесна форма со температура, главоболка, болки во мускулите и малаксаност. помалку од еден процент развиваат тешка невроинвазивна форма, со менингитис или енцефалит, која најчесто бара болничко лекување. Регистрираните пациенти не ја претставуваат целосната слика за циркулацијата на вирусот, напротив, тие најчесто се првиот сигнал дека вирусот веќе извесно време е присутен во средината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи

На претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3.

Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи

На претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3 баскет. Најмлад член на делегацијата е тенисерката Сара Митевска, а најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт

Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри.

Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта кон спортот. Искусните ќе имаат нова можност да се докажат на големата меѓународна сцена, додека за младите ова ќе биде прво драгоцено искуство на мултиспортски настан од ваков ранг.

Македонската делегација ќе има свои претставници во 19 спортови, поделени во индивидуални и екипни дисциплини. Во индивидуалните спортови Македонија ќе настапи во атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спорт, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил. Во екипните спортови македонските бои ќе ги бранат тимовите во ракомет, одбојка, 3х3 баскет и фудбалската репрезентација до 21 година.

Без разлика на дисциплината и патот до успехот, сите ги обединува истата привилегија – да го носат националниот дрес и да бидат дел од големата спортска приказна.

Меѓу имињата кои ќе ја предводат македонската делегација се спортисти со значајни достигнувања на меѓународната сцена. Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, повторно ќе биде дел од голем спортски предизвик, додека Милијана Релиќ продолжува да го гради својот пат меѓу најдобрите таеквондистки во светот. Нејзината посветеност и резултатите ја донесоа меѓу најдобрите на светската ранг-листа, а воедно ја направија една од македонските спортистки кои беа најблиску до обезбедување место на Олимписките игри.

Во атлетиката, Македонија ќе ја претставува Дарио Ивановски, националниот рекордер во маратон, а свои настапи ќе имаат и Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров во борење, како и останатите македонски репрезентативци.

Најмладиот член на македонската делегација е тенисерката Сара Митевска, додека најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт.

Во составот на нашата делегација ќе биде и фудбалската репрезентација до 21 година, како дел од тимовите во екипните спортови. За младите фудбалски надежи ова ќе биде можност да стекнат ново искуство и да се натпреваруваат со врсници од медитеранските земји.

Во Таранто ќе настапи и женската одбојкарска репрезентација, која ќе настапи со најсилниот состав, а заедно со останатите тимови ќе ја претставува силата на колективниот спорт и вредностите на тимската работа.

Со ова учество, Македонија по четврти пат како независна држава ќе биде дел од Медитеранските игри. Благодарение на посветената работа и поддршката од Македонскиот олимписки комитет (МОК), македонските спортисти ќе добијат уште една можност да бидат дел од големата спортска сцена, да го покажат својот квалитет и со гордост да ги претстават националните бои.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

 Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор одлучил да остане во  редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

Иако летово шампионот на Премиер лигата Арсенал покажа огромен интерес за негово ангажирање сепак популарниот Вини истакнал дека не сака да замине од Мадрид.

Новиот предводник на кралевите Жозе Мурињо смета дека Бразилецот е клучен играч за него и направи сè што е во негова моќ за да го убеди да остане во Мадрид, пренесува „Скај Спортс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер