Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
2Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
3Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
ЗабаваКино под отворено небо во три града низ МакедонијаКино под отворено небо во три града низ Македонија по повод 20-тиот јубилеј на филмскиот фестивал „Cinedays". „Европско патувачко кино под отворено небо“ Фестивалот на европски филм CINEDAYS, по повод 20-годишното постоење, воведува нова програма „Cinedays загревање - Европско патувачко кино под отворено небо“, како заеднички проект на Делегацијата на Европската Унија и Младинскиот културен центар, со цел претставување на нови европски филмови на отворено пред публиката во целата земја. Европското патувачко кино под отворено небо е новата програма со која ќе се збогати јубилејното славење на Фестивалот на eвропски филм CINEDAYS. Станува збор за годишно прикажување на нови европски филмови, признати од критиката и сакани од европската публика, кое секоја година ќе патува во три различни градови. На денешната прес-конференција на која се обратија Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ и координаторот на CINEDAYS, Маргарита Арсова го истакнаа заедничкото задоволство од овогодишната прва патувачка селекција. „CINEDAYS започна пред дваесет години, како проект на ЕУ, кога тогашната комесарка за култура Вивиан Рединг создава иницијатива за славење на европскиот филм во сите поголеми европски градови. Особено ми е драго што од тогаш до сега, тогашната идеја за CINEDAYS само во Скопје еволуираше во вистински филмски фестивал“ – истакна Арсова. Радоста за добар филм летово ќе стигне во Крива Паланка, Струмица и Струга. „Ние го поддржуваме CINEDAYS од првиот ден и со претставување на оваа програма сакаме CINEDAYS да стигне до нова публика надвор од Скопје. Киното има огромен потенцијал да ги комуницира приказните на Европа и нејзините вредности, како што се еднаквоста, слободата на изразување, демократијата, животната средина и социјалниот момент на ЕУ. Овогодишната селекција на филмови ја рефлектира европската креативност и разновидност и ќе има филм за сечиј вкус“ – истакна амбасадорот Гир. Европското патувачко кино под отворено небо, оваа година ќе прикаже 12 филма: 6 европски филмови продуцирани во последните години, кои ја одразуваат европската креативност и разноликост и кои нудат по нешто за сечиј вкус и 6 македонски кратки филмови, дел од нив наградувани на различни филмски фестивали и добро примени од вљубениците во филмот. Оваа година, фестивалот започнува во Крива Паланка на 25 и 26 јуни (на градскиот плоштад пред општинската зграда), потоа продолжува во Струмица на 3 и 4 јули (градскиот парк, Домот на Армијата) и во Струга, на 9 и 10 јули (Центар на култура, летна сцена). Проекциите почнуваат во во 21:00 часот, со исклучок на завршната вечер во Струга, која започнува од 20:30 часот и ќе бидат проследени со сесии разговори со познатиот филмски критичар Влатко Галевски и неговите гости, експерти за темите опфатени во филмовите. Годинешната селекција на играни филмови ги вклучува: „Хакер“ (Данска), „Патешествието на Принцот“ (Франција), „Брат ми брка диносауруси (Италија), „Рока го спасува светот“ (Германија), „Слава“ (Бугарија) и „Кожурец“ (Германија). Филмовите третираат теми што ги засегаат сите луѓе, но посебно младите денес – од темната страна на дигиталната технологија, до прифаќањето и разноликоста, животот на луѓето со посебни потреби, насилството и предрасудите, корупцијата и слабостите на граѓанското општество, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, итн. Влезот на проекциите е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПлаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилемиИдејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати? Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор. - Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати. - Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите. - Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори -Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook