АвтомобилизамКинезите тврдат дека нивниот теренец е дизајниран од поранешен дизајнер на ФерариНов кинески електричен теренец премногу личи на Ферари, а сега избувна спор околу неговиот дизајнер.Кинескиот бренд „Luxeed“, кој работи во соработка со „Chery“ и „Huawei“, претстави нов електричен теренец под брендот „RX“. Моделот веднаш привлече внимание поради својот дизајн, кој потсетува на „Ferrari Purosangue“, но и затоа што се тврди дека е дизајниран од поранешен главен дизајнер на Ферари. Според менаџментот на брендот „Luxeed“, „RX“ е дело на неодамна вработен дизајнер кој наводно работел на водечка дизајнерска позиција во Ферари. Сепак, директорот за односи со јавноста на Ферари за Кина јавно побара да се открие името на дизајнерот, нагласувајќи дека компанијата не го изгубила својот главен дизајнер. Новиот „Luxeed RX“ е долг 5,02 метри и има модерни „LED“ светла, изразени браници и спортски заден спојлер. Купувачите ќе можат да избираат од неколку дизајни на тркала и различни бои на сопирачките. Основната верзија користи електричен мотор од 372 КС кој ги придвижува задните тркала, додека помоќната варијанта со два електрични мотори развива вкупно 586 КС и достигнува максимална брзина од 250 км/ч. Капацитетот на батеријата сè уште не е објавен, но се знае дека ќе се користат батерии „NMC“ од кинеските производители „CATL“ и „CALB“. Продажбата на кинескиот пазар се очекува наскоро, а останува да се види дали перформансите на автомобилот или контроверзиите околу неговиот дизајнер ќе привлечат поголемо внимание.Тагови: ферари Luxeed Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook