2Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП
АвтомобилизамКинезите промовираа прв електричен автомобил со дострел поголем од 1.000 километри (ФОТО)Кинеската автомобилска индустрија уште еднаш покажа како може да се справи со конкуренцијата.Малку познатиот Zeekr кај нас, има нов модел. Атрактивниот 001 веќе некое време е на пазарот, а сега доби и верзија WE со деклариран дострел од 1032 km според CLTC стандардот. Првиот примерок беше претставен пред седиштето на CATL во Кина, што е и очекувано бидејќи во овој модел се инсталирани новите батерии CATL CTP 3.0 Quilin. Клиентите можат да изберат помеѓу две конфигурации. Послаби се со капацитет од 10 kWh и обезбедуваат автономија од 740 km со забрзување до 100 km/h за 6,9 секунди, пишува CarNewsChina. Поголемите со капацитет од 140 kWh нудат рекорден опсег од гореспоменатите 1032 km. Ова е воедно и првиот сериски автомобил во светот кој има батерии Quilin, но и прв со автономија поголема од 1000 km. Новата, трета генерација на батерии нуди рекордна складирана густина на енергија од 255 Wh/kg, што е за околу 13% подобро од ќелијата за батерии 4680 на Panasonic што е инсталирана во Tesla. Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека Zeekr е бренд под Geely, кој ги поседува и Volvo, Polestar и Lotus. А најдоброто допрва доаѓа: верзијата со помала батерија започнува од 300.000 CNY или околу 39.300 евра. Верзијата со домет поголем од илјада километри чини 403.000 CNY или околу 52.700 евра во Кина. Zeekr 001 е голем автомобил. Долг е помалку од пет метри, широк два и висок 1,56 метри, а растојанието меѓу оските е нешто над три метри. Во верзијата со два мотори има 400 kW и 686 Nm, а 100 km/h достигнува за 3,8 секунди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитровски: Дијалогот со Бугарија треба да продолжи во духот на заемното почитување на праватаЗаменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска учествуваше на петтото издание на Форумот „EU Meets the Balkans 5.0“, што се одржа во Софија. На почетокот Димитровски ја поздрави публиката во салата на Технолошкиот парк на бугарски јазик. Тој рече дека нема никакви инструкции од македонската Влада, во Бугарија нашите политички претставници и претставниците на другите институции да зборуваат на англиски јазик. -Можам да зборувам на мојот мајчин македонски јазик, можам и на бугарски кој го владеам, но важно е да се разбереме и важно е што ќе кажам. Во обраќањето, Димитровски ја истакна определбата на нашата земја за полноправно членство во Европската Унија и нагласи дека европската интеграција останува наша стратешка цел. „Иднината на земјата ја гледаме во Европската Унија. Нашата цел е полноправно членство, за што спроведуваме реформи и ќе продолжиме да работиме со реално возможна динамика“, истакна Димитровски. Тој нагласи дека европската интеграција на Западен Балкан не е само процес на проширување, туку и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Димитровски посочи дека Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, очекувајќи постигнатиот напредок соодветно да биде вреднуван во пристапниот процес. Во тој контекст, ја истакна и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка за европската перспектива на регионот. Тој нагласи дека нашата земја се залага за нивно унапредување преку отворен и конструктивен дијалог и реализација на конкретни регионални проекти. Во однос на постепената интеграција, Димитровски истакна дека таа треба да обезбеди конкретни европски придобивки за граѓаните и да се одвива паралелно со процесот на целосна интеграција, со јасна перспектива за полноправно членство во Европската Унија. Осврнувајќи се на прашањето на човековите права, Димитровски нагласи дека земјите членки на ЕУ имаат различни пристапи кон ова прашање, но за нашата земја почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба. Во тој контекст, посочи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, што го потврдува и Акцискиот план за малцинствата, кој се однесува на сите етнички заедници во земјата, вклучително и на бугарската заедница. Истовремено, нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Воедно, изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во наредниот период, во насока на надминување на отворените прашања и унапредување на заемното почитување на правата. На Форумот учествуваа високи претставници на Европската Унија и земјите од регионот, кои дискутираа на теми поврзани со европската интеграција на регионот, како и безбедноста и економскиот развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаМитева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕППСилната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа. Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата. За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство. Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНаучниците предупредуваат на опаѓање на стапките на вакцинација кај децата во ЕвропаСтапките на вакцинација кај децата во Европа стагнираат или опаѓаат во последните години, според нова студија што ги анализира податоците за вакцинацијата против седум болести во земјите на Европската Унија во периодот од 1980 до 2024 година.Од 2019 година, 16 земји забележале пад на опфатот со вакцинација за четири или повеќе од анализираните вакцини. Вакцинацијата се смета за една од најефикасните мерки во јавното здравство. Сепак, научниците предупредуваат дека колебањето во врска со вакцините и сомнежите во рамките на Европската Унија придонеле за намалување на опфатот и за повторна појава на болести што можат да се спречат со вакцинација. Стапките на вакцинација опаднале за сите седум анализирани вакцини во Бугарија, Кипар, Ирска, Холандија, Романија и Шведска. Германија и Шпанија забележале пад кај пет од седумте вакцини. Во Франција и Италија, стапките на вакцинација се зголемиле за четири вакцини, а опаднале за три. Најниска стапка на вакцинација во Романија Највисоки стапки на вакцинација се забележани во Луксембург и Португалија, каде што опфатот за сите седум анализирани вакцини достигнал најмалку 95 проценти. Најниска стапка е забележана во Романија, каде што таа паднала под 80 проценти. Научниците истакнуваат дека падот на стапките на вакцинација започнал во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, што се совпаѓа со пандемијата на КОВИД-19 и периодот непосредно по неа. Како една од можните причини тие ги наведуваат прекините во рутинските програми за вакцинација на децата за време на пандемијата. Тие предупредуваат дека намалувањето на опфатот со вакцинација го зголемува ризикот од слабеење и на колективната и на индивидуалната заштита од заразни болести. „Потребни се меѓународни, национални и локални мерки за да се променат овие трендови“, заклучија научниците. Извор: Индекс.хрТагови: вакцинација деца Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook