ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ТехнологијаКинезите на Месечината откриле чуден гел , сега се знае што содржи (ФОТО)Научниците идентификувале необична светлечка материја во форма на гел ,забележана од кинески ровер „Јуту-2“ на темната страна на месечината (која не е свртена кон нас) минатата година.Според анализата на сликите и споредбата со примероците донесени од мисијата Аполо од Месечината на Земјата, станува збор за карпа. Поточно, стопена карпа која, веројатно по ударот од метеорит, се претворила во темно зелена, сјајна, стаклеста маса. „Откриен е од Ровер Чанг-4 во кратерот во сливот на Јужниот пол Ајткен (СПА) темно зеленикава и блескава карпа што се формирала откако тело удрило во површината на Месечината“, напишаа планетарните научници во студијата. „Оваа карпа е формирана со заварување, зацементирање и аглутинација на лунарниот реголит и карпата“, додаваат тие. Јуту-2 прв пат ја фотографирал оваа блескава супстанција кон крајот на јули 2019 година. Кинеските научници ја опишаа како „супстанција слична на гел“, што е всушност необичен опис на нешто на Месечината, со оглед на тоа што пејзажот на нашиот сателит е многу суво и правливо место. Последователните фотографии покажаа дека супстанцијата навистина сјае, но исто така и дека не мора да биде желатинозна по природа, но дека веројатно е стопена, пишува Science Alert. Chinese scientists explain the mystery of the dark green goo found on the moon in 2019 https://t.co/XxbDWMlLDO — Daily Mail Online (@MailOnline) July 9, 2020 Подеталната анализа на панорамските фотографии направени од роверот и видливиот и близок инфрацрвен спектрометар за слики (VNIS) ја поддржуваат оваа хипотеза. Поточно, Шенг Гоу од Кинеската академија на науките и неговите колеги користеле слики од ВНИС за да се утврди хемискиот состав на сјајот, но и околниот реголит. Тие дознале дека реголитот претежно се состои од плагиоклаза (околу 45%), пироксен (7%) и оливин (6 проценти) - прилично стандардна мешавина на Месечината. Им било малку потешко да се утврди составот на стаклестото тело, најверојатно заради слабата светлина, така што можеле да забележат само поголеми количини на плагиоклаза (околу 38 проценти). Научниците исто така утврдиле дека овој материјал е темно зелен по боја и е со големина од 52х16 сантиметри. China lunar rover on backside of #Moon finds unique gel-like rock...https://t.co/H58NlmaCTs #space #uap #ufo #astronomy pic.twitter.com/N0aGQVWjhv — Marian Rudnyk™© (@MarianRudnyk) July 9, 2020 Составот и описот на супстанцијата потсетуваат на два примерока земени од Месечината за време на мисијата Аполо: лунарен примерок 15466 и лунарен примерок 70019. Планетарните научници заклучуваат дека оваа супстанца веројатно се формирала за време на влијанието на метеорит, за време на кое дел од реголитот се стопил, се измешал со нерасчистениот реголит и формирал карпа. Овој процес не мора да се одвива во кратерот во кој била пронајдена карпата. Имено, реголитот е веројатно мешавина од материјал од два различни кратери, па можно е материјалот формиран во друг кратер, да биде исфрлен и паднал во кратерот во кој го пронашол Јуту-2. Но, ова истражување има свои ограничувања. Прво, научниците не можеле да го анализираат вистинскиот примерок, со оглед дека е на Месечината. Второ, светлината била слаба, а Yutu-2 веќе се движел кон друго место, така што е малку веројатно дека ќе има втор сет на слики. Студијата наречена Impact melt breccia and surrounding regolith measured by Chang'e-4 rover е објавена во Earth and Planetar Science Letters.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook