Кинезите ги скенираат патниците во авионите поради смртоносниот вирус (ВИДЕО) - Канал 5

Кинезите ги скенираат патниците во авионите поради смртоносниот вирус (ВИДЕО)

Во Кина се потврдени скоро 300 случаи заразени со опасниот нов вирус кој предизвикува тешка пневмонија, од кои 6 лица веќе починале.

Кинезите ги скенираат патниците во авионите поради смртоносниот вирус (ВИДЕО)

Откриено е дека вирусот започнал да се пренесува од човек на човек, а најмалку 15 здравствени работници биле заразени во провинцијата Вухан, каде за прв пат се појави овој нов вирус.

Кинеските власти се обидуваат да го запрат ширењето на оваа епидемија, како што е прикажано на снимките што се појавуваат на социјалните мрежи, на кои се прикажани здравствените работници во заштитни костуми што ги проверуваат патниците во авион. Видеото е објавено од новинарот Дејвид Полк, објаснувајќи дека станува збор за лет во Кина од градот Вухан.

Станува збор за мерење на температура со таканаречените термички скенери за откривање на потенцијално заразени. Треска е еден од симптомите на инфекција со овој коронавирус кој наликува на злогласниот САРС; со кашлање и отежнато дишење.

YouTube video

Според Си-Ен-Ен, биле поставени термометри на аеродромот на 14 јануари, како и на железничките и автобуски станици и фериботот на пристаништето Вухан, за да се открие треска кај патниците што го напуштале градот.

Меѓутоа, освен што овие мерки доцнат пет недели, што значи дека многу заразени луѓе го напуштиле градот незабележано, тие не можат да ги разликуваат оние што страдаат од обичен вирус од потенцијално смртоносниот коронавирус.

"Доказите сугерираат дека првичниот скрининг (како што се термичките скенери) не е многу ефикасен во идентификување на луѓето заразени со новиот вирус. “, рече Монах Ален Ченг, професор и специјалист за заразни болести на австралискиот универзитет за „Бизнис инсајдер “.

Во меѓувреме, други земји, како Австралија, Сингапур, Тајван и САД, започнаа со проверка на патниците од овој кинески град , каде живеат 11 милиони, и е еден од најголемите сообраќајни центри во Кина со повеќе од 60 меѓународни и прекуокеански рути.

Во Австралија, еден човек кој неодамна отпатува за Вухан, беше ставен во карантин додека не се утврди дали е заразен.

Повеќе од еден милион Кинези ја посетуваат Австралија годишно, а милиони Кинези ќе патуваат во странство или од странство во својата татковина за новогодишните празници. Кинеската Нова година се слави оваа сабота, на 25 јануари.

Заразени со новиот смртоносен вирус има освен во Кина уште и во Тајван , на тајланс , во Јужна Кореја и во Јапонија и тоа лица кои стигнале во тие земји од градот Вухан .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер