Акција „Филтер“: 13 приведени под сомнеж за организиран шверц на цигари, меѓу нив и цариници и полицајци
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
1Акција „Филтер“: 13 приведени под сомнеж за организиран шверц на цигари, меѓу нив и цариници и полицајци
2Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
БалканКинез избегал од затвор во Требиње- скокнал од 12 метри високиот покрив: Како да е мачка Кинескиот државјанин Ќ.Т избегал од Окружниот затвор во Требиње така што при прошетка се качил на покривот на една од зградите, а потоа скокнал од висина од 12 метри, дознава АТВ.„Додека одел, приведениот преку жица за громобран се качил на покривот на една од зградите. Иако сѐ било опкружено со бодликава жица, тој успеал да се качи и да скокне од висина од 12 метри. Неверојатно, тој скок или падот не го запреа“, вели изворот на АТВ. Тој наведува дека бегството го снимиле надзорните камери на затворот. "На камерите може да се види како скокна. Може да се види и моментот кога по скокот станува како ништо да не се случило и продолжува да бега. Како да е мачка, а не човек", вели изворот. Внатрешниот стражар одговорил, но бидејќи не биле вооружени, не можеле да го спречат бегството. По избеганиот приведеник е организирана потрага предводена од полициската управа Требиње. Целата полиција е во потрага по Кинезот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкција „Филтер“: 13 приведени под сомнеж за организиран шверц на цигари, меѓу нив и цариници и полицајциГолема акција на Царинската управа, полицијата и обвинителството за гонење криминан и корупција - откриен шверц од над 60 милиони парчиња цигари во седум посебни случаи, како и причинета штета на државата од над 6 милиони евра.Оваа денеска го соопшти првиот човек на Царинската управа кој откри и дека во акцијата, во која од вчера па наваму се направени претреси на 23 локации, приведени се 13 лица меѓу кои и царински, но и полициски службеници. Дејствијата се одвивале во периодот од јануари до април 2024 година. Според информациите, дел од камионите со цигари биле со крајна цел до друга земја, но наместо тоа, шлеперите иако влегувале со цигари, заминувале празни а злоиуптребите се правеле од служебнитре лица Според последните информации, покрај приведените, три лица не биле достапни при претресите, меѓутоа властите веќе стапиле во контакт со нив и се работи на нивно обезбедување. Акцијата под кодно име Филтер 2 ја потврдија и МВР И ОЈО ГОКК, а спред информациите од Царина истата се одвивала повеќе од една година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? По три недели борба за живот, почина 13-годишното дете кое на 31 август беше избодено со нож во Чаир. Информацијата за Канал 5 ја потврдија од скопските клиники, каде што детето се лекуваше каде беше примено со тешка убодна повреда во пределот на срцето и веднаш беше оперирано. Инцидентот се случи на 31 август при физичка пресметка во Чаир помеѓу две групи. Од една страна двајца браќа на возраст од 13 и 19 години, и 13,16 и 19 годишник од друга страна. Полицијата првично извести дека едниот 13 годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. Скопското обвинителство веќе отвори истрага за случајот. За 13 годишникот соопшти дека е под законската граница за кривична одговорност, додека неговиот 19 годишен брат веќе е во притвор. Осомничен е за кривично дело насилство. -Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност, наведоа тогаш од Обвинителството. Но со оглед на тоа што сега во случајот има смртен исход, како што брифираат од обвинителството ќе следи и преквалификација на кривичното дело откако ќе добијат известување. Иако во полицискиот билтен беше наведено дека 13 годишникот е тој што ги нанел убодните рани, според неофицијални информации обвинителството се сомнева дека тој признал бидејќи нема кривично да одговара, а всушност неговиот полнолетен брат бил оној кој ги задал убодите. Засега од обвинителството единствено потврдуваат дека и понатаму се собираат докази за случајот а истрагата треба да утврди кој го нанел убодот од кој настапила смртта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младитеЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа. Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ и иницијативите за млади. Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+). До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“. Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.Тагови: воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter