Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
СветКинеско МНР: Напредуваат преговорите меѓу Авганистан и ПакистанКина, која граничи со двете земји, се обидува да посредува меѓу поранешните сојузници, кои влегоа во сериозен спор во последните години. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, денеска изјави дека мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан напредуваат, по извештаите дека претставниците на двете земји се состануваат со кинеско посредништво за да се обидат да го прекинат тоа што се оценува како најлошите судири од враќањето на талибанците на власт во 2021 година. „И Пакистан и Авганистан придаваат важност и го поздравуваат посредништвото на Кина и се подготвени повторно да седнат на преговарачка маса, што е позитивен развој“, рече Мао на прес-конференција, објавија британските медиуми. Таа не прецизираше каде се одржуваат разговорите, иако двете земји претходно посочија дека разговорите би можеле да се одржат во северозападниот кинески град Урумчи. Кина, која граничи со двете земји, се обидува да посредува меѓу поранешните сојузници, кои влегоа во сериозен спор во последните години. Официјален Пекинг во март организираше телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на двете земји и испрати специјален претставник за дипломатски посети во регионот. Според кинеското Министерство, Пекинг е во постојана комуникација со двете страни со цел да се создадат услови за преговори и да се обезбеди платформа за дијалог, додека дополнителни информации за разговорите на трите земји ќе бидат објавени подоцна. Судирите меѓу Пакистан и Авганистан, кои започнаа во октомври, одзедоа бројни животи од двете страни на границата, а најтешко погодени се авганистанските цивили. Исламабад ги обвинува авганистанските талибанци дека им даваат засолниште на исламистичките милитанти кои вршат напади во Пакистан, додека Кабул ги отфрла обвинувањата и вели дека тоа е внатрешен безбедносен проблем за Пакистан. Тагови: Кинеско МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на теренГрадоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен. Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните. „Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба“, истакна Герасимовски. Тој нагласи дека политиката не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните. „Во Општина Центар секојдневно сме на терен. Организираме маалски средби, буџетски форуми и ги слушаме потребите на граѓаните пред да донесеме одлуки. Истиот принцип треба да го применува и партијата – да го слушне секој член, секој предлог и секое мислење. Само така може повторно да ја изградиме довербата“, рече Герасимовски. Тој порача дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари. „Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории“, заклучи Герасимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен по налог на УСКОК, потврди хрватскиот портал „Индекс“.Како што наведува тој портал, Керум бил уапсен синоќа, а неговото приведување е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Таверна Пршут“, која се однесува на ресторан во сопственост на Керум во Каштела. „Слободна Далмација“ пренесува дека во моментот на апсењето, Керум се наоѓал во Вела Лука, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгојевиќ. Според неофицијални информации, во случајот се опфатени и неколку други лица блиски до Керум, а „Индекс“ наведува дека е уапсен и внукот на Керум, како и Андрија Полиќ, поранешен виш стручен соработник за просторно планирање и изградба во градот Каштела. Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат осомничените, ниту дали во текот на денот ќе има нови апсења или официјални информации за текот на истрагата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕпидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водоводЕпидемијата во Гостивар полека стивнува, но водата и понатаму може да се користи само за техничка употреба поради тоа што се појавила нова бактерија во водоводна мрежа кажа вчера премиерот Мицкоски. Министерот за здравство Клековски пак рече дека бројот на новоаболени се намалува и очекува гостиварци да добијат питка вода до утре . Сепак, вели крај на епидимијата ќе може да се прогласи дури откако ќе нема ниту еден новозаболен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook