3Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЗдравјеКинеските вакцини против корона може да стигнат во продажба до ноемвриВакцините против коронавирус кои се развиваат во Кина може да бидат подготвени за продажба уште во ноември, изјави официјален претставник поврзан со кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).Кина има четири вакцини против ковид-19 во последна фаза од клиничкото испитување. Најмалку три од нив се веќе понудени на најекспонираните вработени. Третата фаза се одвива непречено и вакцината може да биде готова за јавна продажба во ноември и декември, рече главниот експерт за биосигурност на ЦДЦ Гуижен Ву во интервју за државната телевизија. Ву, која рече дека не доживеала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци по примањето на експерименталната вакцина во април, не прецизира за која вакцина станува збор. Одделот на државниот фармацевтски гигант Национална фармацевтска група (Синофарм) и Синовац Биотек развиваат три вакцини како дел од државната програма. Четвртата вакцина против ковид-19 ја развива CanSino Biologics и нејзината употреба е одобрена во јуни. Синофарм во јули соопшти дека нивната вакцина може да биде готова за јавна употреба до крајот на годината по завршувањето на испитувањето во третата фаза. Глобалните производители се натпреваруваат за развој на ефикасни вакцини против вирусот, кој уби повеќе од 925 000 луѓе. Водечките западни производители на лекови ветија претходно овој месец дека ќе се држат до стандардите на научно истражување и ќе отфрлат каков било политички притисок за забрзување на процесот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“.На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“, во рамки на судењето за трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Според градежното вештачење, зоната Г10 во Кочани уште од 1998 година е исклучиво наменета за лесна индустрија и мало стопанство. Во урбанистичко-планската документација на Градот Кочани и согласно Законот за градење, на таа локација не е предвидено вршење угостителска дејност. -Според Урбанистичкиот план од 2013 година, на таа локација не била предвидена намената Б3 за големи угостителски објекти. Легалниот пат бил инвеститорот да побара измена на ДУП или да изработи проект за пренамена со сите технички и безбедносни услови. Наместо да избере една од овие две легални можности, инвеститорот се одлучува да изврши нелегална пренамена на дел од објектот, постапувајќи спротивно на ДУП-от и регулативата, рече Трпчевска Ангелковиќ. Според изнесените детали од вештачењето, објектот каде што била сместена дискотеката се состои од две згради, првата изградена во 1998 година со соодветно одобрение за деловно-производно-продажен објект и втората изградена без одобрение за градење, а легализирана во 2011 година за лесна и незагадувачка индустрија. Иако во 2012 година објектот се користел согласно намената од Деталниот урбанистички план (ДУП), истата година инвеститорот почнал дел од просторот неовластено да го користи како дискотека/кабаре. На прашањето за одговорноста на општинските служби, вештакот нагласи дека градежната инспекција имала законска обврска и овластување да интервенира, без разлика дали за објектот била издадена лиценца за работа. -Реакцијата би била преку надлежните служби. Тоа се инспекциските служби, кои доколку констатираат дека на некој објект е извршена нелегална пренамена имаат право на сопственикот да му наложат да го врати објектот во првобитната состојба, појасни вештакот- Душица Трпчевска Ангелковиќ. .На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека градежното вештачење недвосмислено покажало дека во „Пулс", системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале и не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Со сослушувањето на вештакот завршува изведувањето на доказите од страна на Обвинителството во овој судски процес, кој го води судијката Дијана Груевска-Илиевска со тим од 15 јавни обвинители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договорДа ги учиме лекциите од минатото, но да се фокусираме на иднината на државата, без нови етнички линии, туку вистинско инклузивно општество. Ова беа дел од пораките на денешните панел дискусии со кои почна одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Според министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, правата на заедниците се трајни и никој не треба да ги преспитува, а следните 25 години мораме да ги насочиме кон одговорност, квалитет и резултати. Борбата со корупцијата нема етничка припадност, посочи тој. Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати, со порака дека отворениот и конструктивен дијалог е неопходен за создавање нова култура на политички и општествени односи. -Заштитата на правата не треба да значи дека ние како нација бесконечно ќе создаваме нови етнички линии во нашите институции или во нашето општество. Сметам јас лично дека ние како држава сме созреале да имаме капацитет да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество, којшто е насочено пред се на предизвиците на 21 век. Моја најголема грижа од политичка гледна точка е дека во нашето општетсво се уште постојат поединци и политички партии коишто се обидуваат да се наметнат како сопственици на една заедница по етничка линија, како само тие да штитат права не една етничка заедница и се грижат за меѓуетничките релации што постојат во државата и тоа е најопасната теза, изјави Муцунски. -Таквиот отворен и конструктивен дијалог би бил силна порака до јавноста и темел за градење на нашите внатрешни капацитети за нова култура на политички и општествен дијалог, изјави Ферати. За лидерите на ВРЕДИ и градоначалници на Тетово и Чаир, Касами и Меџити, спроведувањето на Охрдискиот рамковен договор мора да продолжи, но потребна е поголема функционална децентрализација која придонесува за мултиетничкото општество и соживотот. -После 25 години ме е доволно да кажеме дека децентрализацијата е важна, мора да прифатиме дека процесот страгнирал и дека неколку начела од Охрдискиот договор се уште чекаат на целосна имплементација. Потребно ние ново партнерство меѓу централната и локалната власт, изјави Касами. -Ние влеговме во нова фаза од административни механизми кон законски и институционални гаранции. Најзначаен пример е правичната застапеност. Години по ред ова начело се спроведуваше преку административните механизми, а денес целта е тој да се уреди со посебен закон и да претставува јасна обврска за државните институции, изјави Меџити. Одбележувањето на јубилејот продолжува и утре во 19 и 30 часот на Камениот мост во Скопје. ДУИ, пак, за утре попладне закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје за одбележувањето на 25-годишнината од Рамковниот договор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНепоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град СкопјеВознемиреност меѓу скопјани, предизвикаа пораки кои се шират од вчера со тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли.Пред малку со остар демант за овие шпекулации излезе градоначлникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој ги презентираше последните лабараториски анализи. Маја Стојановска ја следеше прес конференцијата во Град Скопје. Маја, може ли граѓаните да бидат мирни и да ја конзумираат водата од чешмите? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Град Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter