Aндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево
1Aндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс
2Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево
3Соопштение на „И Здравје и работа“: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
АвтомобилизамКинескиот летечки автомобил го изведе својот прв јавен лет, и тоа во Дубаи (ВИДЕО)Летечки автомобил направен од кинеската фабрика за електрични возила Xpeng Inc. го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на производот на меѓународните пазари.X2 е авион со вертикално полетување и слетување (eVTOL) со две седишта кој се крева со осум пропелери - по два на секој агол од возилото. „Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар“, рече Мингуан Киу, генерален менаџер на Xpeng Aeroht. „Го избравме Дубаи за првиот лет бидејќи е најиновативниот град во светот“, објасни тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаAндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапсВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс.Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните. Над 1000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за Гостиварчани. Ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со Гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДС, ДУИ и Таравари. Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај. Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-КичевоСите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево. Направивме 18 километри пристапни патишта..Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Дебрца. Со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, извршија увид во реконструкција на патот од Мешеишта до Волино и улици во село Волино, проекти кои се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт. “ Овој проект во селото Волино го работевме заедно со општина Дебрца, со поддршка на Светска Банка преку една проектна линија којашто ја имаме обезбедено од Светска Банка и која што значи завршување на локални улици низ многу населени места во државата. Исто така претходно бевме на влезот на село Мешеишта, а кога бил правен проектот за автопатот Охрид-Кичево, за жал не беа предвидени нити пристапни патишта, нити паралелни патишта, ниту клучки, нити потпатници, ниту надпатници и на тој начин најголем дел од селата коишто се од левата и од десната страна на автопатот беа, односно требаше да бидат отсечени и од Охрид, од Струга, од Кичево и од Скопје. Ние решивме тоа да го коригираме, испроектиравме паралелни патишта и пристапи во должина од 18 километри. За долниот дел од автопатот, од потегот кој што е од Пресека до Охрид мораше да бараме согласност и од Комисијата за УНЕСКО. Во изминативе 6 месеци работевме и со нив, добивме согласност и веќе можете да видите дека пристапот кон населените места, во случајов кон Мешеишта почнува да се работи, а онаму каде што завршува пристапот ќе продолжи општината, така што ќе добиеме едно модерно патно решение коешто нема само да значи спој за ова населено место, туку ќе значи и спој за Општина Струга и селата коишто гравитираат кон Општина Струга” – изјави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаСоопштение на „И Здравје и работа“: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина.Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции.„ Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на рудник. Го гледаме како можност нашиот регион повторно да добие перспектива, да се создадат нови работни места, да се отворат можности за домашните компании и младите луѓе да имаат причина да останат овде, наместо својата иднина да ја бараат во странство. Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти. Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес. Истовремено, очекуваме целата понатамошна постапка за проектот „Иловица – Штука“ да се води целосно транспарентно и согласно сите законски процедури. Доколку проектот не ги исполнува пропишаните еколошки и технички критериуми, не треба да биде реализиран. Но, доколку ги исполнува сите стандарди, тогаш Македонија не смее да ја пропушти можноста за една од најголемите инвестиции во својата понова историја. Нашите барања се едноставни: • законите да важат подеднакво за сите; • науката и стручноста да имаат предност пред дезинформациите; • природните ресурси да се користат одговорно и во интерес на граѓаните; • економскиот развој и заштитата на животната средина да не се претставуваат како спротивставени цели, туку како процеси што можат да одат заедно. Ние сме жители на овој регион. Тука живеат нашите семејства, тука растат нашите деца и токму затоа никој нема поголем интерес од нас природата да биде заштитена. Но, исто така сакаме и можност за работа, достоинствен живот и иднина во сопствената држава. Македонија има природни ресурси. Има знаење. Има луѓе. Време е тие потенцијали да се претворат во развој – одговорно, законски и во интерес на сите граѓани.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter