На оние што живеат во градот им било речено да не заминуваат, а аеродромот и железничките станици ќе бидат затворени за патниците кои го напуштаат градот.
Автобуските, метро, ферибот и авионскииот собраќај на долги дестинации ќе бидат суспендирани од 10.00 часот по локално време на 23 јануари.
Новиот вирус се рашири од Вухан во неколку кинески провинции,како и во САД, Јапонија, Тајван , Тајланд и Јужна Кореја.
Вирусот, познат како 2019-nCoV, е означен како нов вид на коронавирус кој претходно не бил идентификуван кај луѓето.
Вирусот сега е мутиран и се пренесува од човек на човек . За само еден ден двојно е зголемен бројот на смртни случаи во Вухан , чиј број сега изнесува најмалку 19.
Забраната за сообраќај во Вухан доаѓа во периодот кога милиони Кинези патуваат кон своите домови или во посета на семејствата и роднините во пресрет на лунарната Нова Година во сабота.