Кинескиот Гили влегува во фабриката на Форд во Валенсија - Канал 5

Кинескиот Гили влегува во фабриката на Форд во Валенсија

Кинескиот гигант Geely и Ford постигнаа договор за производство на автомобили во фабриката на Ford во близина на Валенсија. 

Кинескиот Гили влегува во фабриката на Форд во Валенсија

Geely, по неколкумесечни преговори, ќе произведува автомобили на линија што досега не се користеше. Главниот мотив за локалното производство е да се избегнат европските тарифи, кои беа воведени со цел да се забави пенетрацијата на кинеските производители на европскиот пазар, пишува Carscoops.

Детали за производството во фабриката на Ford

Фабриката на Ford во Алмусафес има годишен капацитет од 450.000 возила, но со години работи со помалку од една четвртина од тој обем. Фабриката моментално го произведува моделот Kuga, а наскоро ќе ѝ се придружи и возило од марката Geely. Иако компанијата сè уште официјално не го потврдила точниот модел, извештаите сугерираат дека станува збор за новиот EX2. Станува збор за прифатлив електричен компактен автомобил кој беше најпродаваниот нов автомобил во Кина минатата година.

Шпанија како влезна точка за кинеските производители

Важна улога во реализацијата на работата одигра шпанскиот премиер Педро Санчез. Бидејќи Шпанија, за разлика од Германија или Италија, нема силна домашна автомобилска индустрија, таа е отворена за соработка со кинески компании.

Ова е потврдено и со други примери. Chery веќе соработува со шпанската компанија Ebro и ја рестартираше поранешната фабрика на Nissan во Барселона, според Bloomberg. Кинеската BAIC се здружува со локалната компанија Santana за производство на теренски модели во Андалузија, а Stellantis ќе отвори фабрика за батерии во Сарагоса во партнерство со кинескиот конгломерат CATL.

Најави и идни планови

Се очекува шпанскиот премиер да објави повеќе детали за договорот подоцна оваа недела, кога е закажано да се обрати на медиумите во фабриката на Форд. Уште во мај имаше извештаи дека како резултат на ова партнерство, Ford би можел да развие свое електрично возило на платформата што ја користи EX2, но оваа можност сè уште не е потврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Времето денес и утре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предложен притвор за едно лице по насилство во Чаир

Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож.

Предложен притвор за едно лице по насилство во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 2. септември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 2. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 2. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик.

Кариера

Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени.

Здравје и совет

Јадете повеќе овошје.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно.

Кариера

Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите.

Здравје и совет

Бидете подискретни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни.

Кариера

Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат.

Здравје и совет

Ќе имате голем апетит.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов.

Кариера

Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство.

Кариера

Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални.

Здравје и совет

Скромноста сепак е доблест.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте.

Кариера

Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место.

Здравје и совет

Прифатете го неизбежното.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта.

Кариера

Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување.

Здравје и совет

Посилни сте од другите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени.

Кариера

За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат.

Здравје и совет

Поработете на својата дисциплина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого.

Кариера

Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Опуштајте се редовно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво.

Кариера

Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив.

Здравје и совет

Не возете ако сте возбудени.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос.

Кариера

Извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно.

Здравје и совет

Зголемен апетит.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно.

Кариера

Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите.

Здравје и совет

Не ги надминувајте своите можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер