Кинескиот гигант за мобилни телефони, Xiaomi, го произведе првиот автомобил

На пазарот треба да се појави на почетокот на следната година.

Сѐ повеќе и повеќе производители на електроника за широка потрошувачка размислуваат да влезат во автомобилската индустрија. Се чини дека Xiaomi е најсериозен, па неговите планови за проширување вклучуваат влез во сегментот на патнички автомобили.

Сега за прв пат можеме да видиме како ќе изгледа првиот автомобил на Xiaomi. Неговото име е MS11, а станува збор за лимузина која по димензии и естетски решенија ќе се потпира на Tesla, но и на некои други играчи во областа на електричните автомобили.

Никакви технички информации не се недостапни, додека фотографиите се со нешто послаб квалитет бидејќи се слики од екранот на персонален компјутер, дознава CarNewsChina. Многу е веројатно дека Xiaomi соработува со бројни партнери за развој на автомобили, па дел од технологијата ќе дојде однадвор. Сепак, компанијата развива погонски електрични мотори, како и софтвер кој сигурно ќе биде меѓу најдобрите.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер