ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
СветКинески супертанкер се враќа низ Ормутскиот теснец, откако го протераа Американците (ВИДЕО)Кинескиот танкер Рич Стари, кој е под санкции на САД, денеска се врати низ Ормутскиот теснец откако го напушти Заливот еден ден претходно.Кинескиот танкер Рич Стари, кој е под санкции на САД, денеска се врати низ Ормутскиот теснец откако го напушти Заливот еден ден претходно, покажуваат податоците за превозот, не успевајќи да ја пробие американската блокада на бродовите што се закотвуваат во иранските пристаништа. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја објави блокадата во неделата откако мировните разговори за време на викендот во Исламабад меѓу САД и Иран не доведоа до договор. Целта на блокадата на Трамп е да се спречи Иран да заработува пари од наплата на такси за минување низ теснецот и да ги намали приходите од нафта. Американската војска тврди дека целосно ја блокирала поморската трговија кон и од Иран и дека поморската блокада продолжува да се спроведува против бродовите на сите нации што влегуваат или излегуваат од крајбрежните области или пристаништа на земјата. „Во текот на првите 24 часа, ниту еден брод не ја поминал блокадата на САД“, соопшти Централната команда на САД во Х, додавајќи дека шест бродови ги послушале инструкциите од американските сили да се свртат и да се вратат во иранско пристаниште. Но, податоците за поморскиот сообраќај, како што објави Ројтерс во вторник, покажаа дека првиот ден од блокадата на бродовите од страна на САД имал мал ефект врз сообраќајот во Ормутскиот теснец, при што најмалку осум бродови, вклучувајќи три танкери поврзани со Иран, минале низ преминот. Кинескиот танкер бил меѓу првите Кинескиот танкер бил меѓу најмалку осум бродови што го преминале водниот пат во вторник, првиот ден од блокадата на САД. Американски разорувач пресретнал два танкери за нафта кои се обидувале да го напуштат иранското пристаниште Шабахар во Оманскиот Залив во вторник, изјави американски функционер. Иранската новинска агенција Фарс објави во среда дека иранскиот супертанкер поминал низ Ормутскиот теснец кон пристаништето Имам Хомеини и покрај американската блокада. Фарс објави дека супертанкерот може да транспортира два милиони барели сурова нафта. Податоците од Кплер и LSEG покажаа дека супертанкерот Алиција, кој носи иранска нафта од 2023 година, влегол во Заливот преку теснецот во среда, празен, и се упатил кон ирачко пристаниште за да го товари својот товар во четврток. Кинескиот танкер превезувал метанол „Рич Стари“ и неговиот сопственик, „Шангај Ксуанрун Шипинг Ко“, се погодени од санкции од САД поради работење со Иран. Компанијата не беше веднаш достапна за коментар. „Рич Стари“ превезувал 250.000 барели метанол кои биле натоварени во пристаништето Хамрија во Обединетите Арапски Емирати, покажаа податоците на „Кплер“. Моментално е закотвен покрај брегот на Иран. Блокадата создаде дополнителна неизвесност за превозниците, нафтените компании и осигурителите. Сообраќајот е намален на дел од повеќе од 130 дневни преминувања пред почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран на 28 февруари, соопштија извори од индустријата во вторникот. Според „Кплер“ и „ЛСЕГ“, ниту еден ирански танкер за сурова нафта не поминал низ теснецот откако започна блокадата на САД. Ројтерс додаде дека бродот „ВЛЦЦ Агиос Фануриос I“ со малтешко знаме влегол во Заливот преку теснецот во среда во својот втор обид за транзит, според поморските податоци. Според податоци и трговски извори, бродот плови кон Ирак за да товари сурова нафта од Басра за виетнамската рафинерија „Нги Сон“.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09