3Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда
Кинезите тврдат дека наскоро ќе има роботи, кои ќе ги извршуваат домашните работи- претходно работат нешто поинакво
Првиот човек на Рено тврди дека новите автомобили ќе бидат поскапи за 6.000 евра поради прописите на ЕУ
1Кинезите тврдат дека наскоро ќе има роботи, кои ќе ги извршуваат домашните работи- претходно работат нешто поинакво
2Првиот човек на Рено тврди дека новите автомобили ќе бидат поскапи за 6.000 евра поради прописите на ЕУ
МакедонијаКинески „Синофарм“ го вратил авансот за испорака на вакцинитеКина и ги врати парите на Македонија за вакцината на Синофарм, потврдија од министерството за здравство за Канал 5.Од министерството за здравство денеска во писмен одговор на поставеното прашање на канал 5 велат дека нема откажување на одговорот. - Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја. Вчера опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави дека имаат информации дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека имаат информација дека Македонија нема да ги добие кинеските вакцини во наредниот период. Филипче вчера на прес конференција во Гостивар потеницраше дека продолжуваат преговорите со сите компании за вакцина. Од Фајзер се уште се чекал драфт договорот, а интезивно се преговарало само со руската компанија за влез на 100илјади вакцини. Македонија од Кина очекува 200 илјади вакцини. Досега пристигнаа 8190 вакцина на Фајзер, што ги донираше Србија за Македонија. Со овие вакцини се вакцинираат здравствените работници кои работат со ковид пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Црна хроникаПретрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено разбојништво, поднесена кривична пријава Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено кривично дело "разбојништво", поднесена кривична пријава .Во врска со претходно извршено кривично дело "разбојништво" со закана со пиштол на 18.11.2026 околу 05:55 часот во казино на бул. "Партизански Одреди" во Скопје каде одземени се парични средства во износ од 789.600 денари, од страна на ОКР Карпош при СВР Скопје се преземени се мерки и обезбедена е Наредба за претрес во дом кај осомничено лице. На 26.11.2026 во 06:00 часот по претходна наредба од Основен кривичен Суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(50) како и на патничко возило "тојота" со скопски регистарски ознаки. Имено, од извршениот претрес кај лицето Д.К. пронајдени беа парични средства од околу 300.000 денари, две црни фантомки, и друга облека. До Основното јавно обвинителство Скопје против Д.К. поднесена е кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФормиран Клубот на жени на Движењето ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседателВечерва се одржа Основачката конференција на Клубот на жени на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, со што и официјално започнува ново поглавје во организациското и политичкото дејствување на ЗНАМ. Клубот на жени едногласно е избрана Александра Јелиќ, како и Координативно тело составено од 18 членови. Формирањето на Клубот на жени е дел од активностите предвидени со Акцискиот план на Движењето ЗНАМ за 2026 година и претставува јасна определба за создавање силна, организирана и активна структура, во која жените ќе имаат значајна улога во креирањето на политиките, носењето одлуки и обликувањето на политичките процеси. Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека формирањето на Клубот на жени е значаен чекор во јакнењето на политичката организација, но и јасна порака за местото и улогата на жените во ЗНАМ. „Клубот на жени не го гледаме како формална организациска структура, туку како силен политички двигател, кој ќе даде нова енергија на Движењето и ќе биде глас на жените во општеството. Ги повикувам сите жени кои ги споделуваат нашите вредности да ни се приклучат. Вратите на ЗНАМ се отворени за секоја жена која има визија, став и храброст да преземе одговорност. Затоа што Македонија не може да оди напред ако половина од нејзиниот потенцијал остане неискористен.“ посочи Димитриевски. Претседателката Александра Јелиќ, е дипломиран професор за предучилишно образование и постдипломец на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, со повеќе од 20 години професионално искуство во воспитанието и образованието. Нејзиниот професионален пат го одбележуваат искуството во управувањето, раководењето со тимови, реализацијата на домашни и меѓународни проекти и институционалната соработка. „ Пред себе гледам жени со огромен потенцијал, кои не сакаат да бидат набљудувачи на иднината, туку нејзини креатори. Верувам дека од овој состав ќе произлезат нови лидерки, нови идеи и нова енергија. Нашата порака е јасна: не бараме простор за да бидеме слушнати, туку преземаме одговорност за да направиме промена. ЗНАМ дека можеме повеќе, ЗНАМ дека можеме заедно и ЗНАМ дека жените имаат сила да ја менуваат Македонија!“ изјави Јелиќ. Со формирањето на Клубот на жени, Движењето ЗНАМ отвора нов простор за активно учество, поголема видливост и посилна застапеност на жените во политичкиот живот. Преку заедничко дејствување, размена на идеи и преземање конкретни иницијативи, Клубот ќе работи на афирмација на женското лидерство, охрабрување на нови генерации жени во политиката и нивно вклучување во процесите во кои се креираат политиките и се носат одлуките за иднината на државата. Жените не се само гласот на промените. Тие се сила што ги создава, ги води и ги претвора во реалност! Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
МакедонијаПолитичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агендаВо соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, од 27 до 29 ноември во Охрид се одржува Политичката академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Академијата е посветена на унапредување на политичкото образование, зајакнување на лидерските капацитети и поголемо учество на жените во процесите на одлучување. На отворањето на Академијата свои обраќања имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на Унијата на жени, Марија Митева, Давор Пашоски од фондацијата „Конрад Аденауер“, раководителот на ПИАЦ, Светислав Васев, и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Преку програмата се опфаќаат политичкиот идентитет и демохристијанските вредности, одговорното лидерство и современите предизвици во политичката комуникација. Посебно внимание се посветува на работата на Извршниот комитет на Унијата на жени, на утврдувањето програмски приоритети и на координацијата на идните активности во рамките на заедничката политичка агенда. Со одржувањето на Академијата ја потврдуваме нашата заложба за континуирано јакнење на партиските капацитети и за суштинско учество на жените во креирањето и спроведувањето на политиките. Политичката одговорност подразбира знаење, подготвеност и постојана комуникација со граѓаните, а политичката едукација е важен предуслов за исполнување на тие обврски. Остануваме посветени на поддршката на женското лидерство и на создавањето можности за поголем придонес на жените во јавниот и политичкиот живот. Преку заедничка работа и јасно утврдени приоритети, продолжуваме да развиваме политики во интерес на граѓаните и на Македонија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter