МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ЗдравјеКинески научници: Пронајдовме антитело што ги неутрализира сите варијанти на коронавирусотКинеските научници тврдат дека изолирале антитело кое може ефикасно да ги неутрализира сите соеви на коронавирусот, повикувајќи се на лабораториски експерименти, но и оние на жив организам.Во студијата објавена вчера, кинеските научници од различни институции, вклучително и Универзитетот Сун Јат-Сен во Гуангжу и Универзитетот Жеџијанг во Хангжу, сугерираат дека би можеле да имаат решение за пандемијата на Ковид-19, пишува RT. Авторите тврдат дека моноклоналното антитело 35B5, во лабораториски услови, но и во истражување извршено врз жив организам, се покажало дека го неутрализира типот на ковид-19 без мутации, но и оние варијанти кои предизвикуваат загриженост. Истражувањето на жив организам, инаку, било спроведено на експериментални глувци. Научниците забележале дека антителото, исто така, делува на „високо мутираната“, делта варијанта, која е одговорна за смртоносните бранови на инфекција ширум светот откако првпат се појави во Индија на почетокот на оваа година. 35B5 го неутрализира коронавирусот со таргетирање на единствен епитоп (делот од антигенот што имунолошкиот систем го препознава) кој ги избегнува местата на мутација. Со други зборови, 35B5 цели на уникатен дел од вирусот кој не се менува за време на процесот на мутација. Насочувајќи го делот од вирусот кој не е засегнат од мутациите кои се сметаат за загрижувачки, антителото 35B5 покажало ефикасна способност да се неутрализира во неколку различни видови. Научниците тврдат дека ова откритие може да се искористи за создавање универзална вакцина против коронавирус. Делот од антигенот насочен од антителото 35B5 е исто така присутен во омикронската варијанта, забележуваат истражувачите. Ова истражување би можело да се покаже особено вредно во време кога силно мутираниот омикрон се шири низ светот. Водачите и научниците ширум светот се загрижени дека омикрон би можел успешно да го заобиколи имунитетот создаден со вакцинацијата или природната инфекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ЗабаваНБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година. Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот. Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци. Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари. Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот. Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter