Кинески епидемиолог тврди дека Кина ќе се соочи со три бранови на коронавирусот оваа зима - Канал 5

Кинески епидемиолог тврди дека Кина ќе се соочи со три бранови на коронавирусот оваа зима

Откако Пекинг ја укина својата политика за нулта ковид, главниот кинески епидемиолог Ву Зунју рече дека Кина оваа зима ќе се соочи со три бранови на коронавирусот.

Кинески епидемиолог тврди дека Кина ќе се соочи со три бранови на коронавирусот оваа зима

Градовите низ Кина со 1,4 милијарди луѓе се подготвуваат за првиот бран на инфекции, откако беа ублажени двегодишните строги ограничувања. Кинескиот претседател Си Џинпинг ги укина апликациите за следење контакти и им порача на граѓаните да останат дома доколку развијат благи симптоми. Претходно ваквите граѓани беа праќани во преполните болници.

Кина ги укина ограничувањата за Ковид-19 поради протестите низ целата земја кои се претворија во повици до претседателот и неговата Комунистичка партија да се повлечат од власта. Кинеските државни медиуми во саботата го цитираа главниот епидемиолог на земјата, Зунју, кој рече дека доколку строгите политики за ограничување биле укинати една година порано, во Кина ќе починеа околу 250.000 луѓе.

Епидемиолог вели дека Кина сега е во првиот од трите бранови на коронавирусот што ќе ја зафатат земјата оваа зима. Зунју очекува втор скок на заразени кога жителите масовно ќе се вратат во нивните региони од празниците за лунарната Нова година во јануари. Третиот бран на зарази ќе биде од февруари до средината на март кога луѓето ќе се вратат на своите работни места.

Зунју вели дека процентот на сериозно болни пациенти со Ковид опадна на помалку од 0,2 отсто од пријавените случаи, од 3,3 отсто минатата година и скоро 16,5 отсто во 2020 година. Сепак, официјалните броеви на случаи станаа несигурни откако Кина се откажа од масовното тестирање овој месец. Затоа Кина престана да објавува податоци за асимптоматски случаи минатата недела.

Официјалниот број на починати во Кина, исто така, беше доведен во прашање откако новинската куќа „Каиксин“ објави детали за повеќекратните смртни случаи од коронавирус што допрва треба да се додадат на 5.235 смртни случаи во Пекинг од почетокот на пандемијата. Според извештајот на здравствените власти, последниот смртен случај е регистриран на 23 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка во топлес

 Убавата сопруга на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, манекенката Хејли Бибер повторно го привлече вниманието на љубопитната јавност. 

Фото: Манекенка во топлес

Таа позираше за модна кампања и ја разгори имагинацијата на многумина со својот атрактивен изглед.

Хејли Бибер денес важи за најпопуларен модел. Таа не е само дама што рекламира облека од светски брендови, туку и дама што знае како да ја носи и да ја комбинира таа облека.

Таа стекна големи симпатии кај јавноста на социјалните мрежи, каде што гордо ја носи титулата „трендсетерка“. Нејзините совети за постигнување совршен изглед на шминката се омилени меѓу жените, особено оние што покажуваат како да се постигне природен изглед и стил што зрачи со лежерна елеганција.

Сега, Хајли се огласи на социјалните мрежи за да ѝ ја претстави на светот својата нова соработка со брендот „Gap“.

Како што може да се види, 29-годишната убавица гордо позираше во широки фармерки со низок струк, но вниманието го привлече горниот дел од модната комбинација. топлес изданието на убавата манекенка.

Или, поточно, горниот дел што не го носеше, поради што голите гради вешто ги сокри зад парче ткаенина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Холивудската ѕвезда, актерката Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.

Анџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Актерката и хуманитарка, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, сега сака повеќе слобода и флексибилност во својот живот.

Според извор што разговарал со магазинот *People*, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за тоа дека сака да си замине од Лос Анџелес. Среќна е што сега има поголема слобода и можност да прави поинакви избори“, изјавил неименуваниот извор.

На 12 јули, Џоли го одбележа полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, таа сега сака повеќе да патува со своите деца и да го истражува светот. „Нејзините деца отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Сакаше тие да искусат различни култури и делови од светот, а сега со нетрпение очекува заедно да патуваат и да откриваат нови места. Таа е подготвена за тоа“, додал изворот.

Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот *Mr. & Mrs. Smith* („Господин и госпоѓа Смит“), а се разделија во 2016 година, по 12-годишна врска и две години брак. Нивниот развод беше официјално финализиран во декември 2024 година.

Актерката уште минатата година навести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади деца ќе станат полнолетни.

„Ќе можам да заминам оттука штом ќе наполнат 18 години“, изјави таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс. Таа додаде дека сака да им обезбеди мир, приватност и сигурност на своите деца, но дека веќе не го доживува Лос Анџелес како место каде што чувствува припадност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“

Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време.

Видео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“

Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време, совладувајќи ја патеката долга 1,16 милји (1,86 километри) за импресивни 41,98 секунди.

За управувачот на електричниот прототип се наоѓаше реномираниот француски возач Ромен Дима; со оваа победа, тој му ја обезбеди на Ford третата последователна победа во финалниот дуел на фестивалот, надминувајќи го болидот од четвртата генерација на Формула Е.

Третото место му припадна на легендарниот Shadow-Chevrolet DN4 – кој воедно беше и најбрзиот автомобил со мотор со внатрешно согорување – додека во првите десет се пласираа и Volkswagen Polo WRX, BMW M3 Touring 24H, Subaru Brataroo 9500 Turbo, Porsche 911 Cup (992.2), Nissan 300ZX Turbo, Dodge Viper GTS-R и Toyota-Judd Formula Supra.

Резултатите уште еднаш покажаа колку конкурентни станаа електричните погонски системи во трките на угорнина, иако апсолутниот рекорд на Гудвуд сè уште го држи електричниот „McMurtry Spéirling“, кој ја совлада патеката за неверојатни 39,08 секунди во 2022 година.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер