СветКинески авион оставил мистериозен објект во орбитата на Земјата, никој не знае што е тоа(ВИДЕО)Таен кинески вселенски авион оставил мистериозен објект во орбитата на Земјата, а никој не знае што е тоа.Како што пренесува Dailymail, мистериозниот објект бил поставен на 24 мај на височина од 372 милји (околу 437 километри) над површината на Земјата. Вселенските сили на САД ја следат ситуацијата, а првиот што го забележал објектот е астрофизичар од Харвард. Се шпекулира дека тоа би можело да биде подсателит или парче хардвер исфрлено од авионот пред крајот на мисијата, за да изгори при паѓање во Земјината атмосфера. Top secret China spaceplane releases a mystery object into Earth's orbit - and no one knows what it is https://t.co/Upnz2ToXyQ pic.twitter.com/Ob2d6YwM8n — Daily Mail Online (@MailOnline) May 28, 2024 Кинескиот таен вселенски авион, наречен Шенлонг по духовен змеј од кинеската митологија, беше лансиран минатиот декември и оттогаш беше откриено дека поставил неколку објекти во орбитата на Земјата, од кои некои испраќаат силни сигнали над Северна Америка. Кина не открива детали за вселенскиот авион, велејќи само дека обезбедува „техничка поддршка за мирно користење во вселената“. Интересно е што леталото е лансирано само еден ден откако САД беа принудени да го уништат својот шпионски авион испратен во вселената. „Веројатно не е случајно што се обидуваат да нѐ следат“, рече генералот Шанс Салцман, шеф на американските вселенски сили. После тоа, кинескиот вселенски авион паднал под радар, но сега мистериозниот објект предизвикува загриженост. Џонатан Мекдауел од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан беше првиот што го забележа овој објект и објави порака на социјалната мрежа Х, порано Твитер. A new object (59884/2023-195G) has been cataloged associated with the Chinese CSSHQ spaceplane in a 602 x 608 km x 50.0 deg orbit. It seems to have been ejected about 1900 UTC May 24. — Jonathan McDowell (@planet4589) May 26, 2024 "Овој објект може да биде распоредување на подсателит или може да биде парче хардвер исфрлено пред крајот на мисијата. Првиот лет на вселенскиот авион направи нешто слично. Ќе биде интересно да се види дали ова вселенско летало ќе го промени курсот или ќе слета наскоро. “, рече Мекдауел. Во декември, аматерскиот астроном Скот Тили го следеше летот на вселенското летало Кона кога исфрли вкупно шест објекти што емитуваат сигнал над Северна Америка. Тој соработуваше со група во Швајцарија која е специјализирана за набљудување на вселената со оптички опсег. Тие будно го следат овој авион откако беше лансиран на 15 декември. Кинескиот вселенски авион моментално е на својата трета мисија, а американските власти рекоа дека неговите способности се нешто слични на американскиот X-37B, кој беше лансиран на 29 декември 2023 година. Леталото, направено од американски Боинг, е со големина колку мал автобус и наликува на минијатурен вселенски шатл. Ова вселенско летало е наменето за изведување технолошки експерименти на повеќегодишни орбитални летови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЏебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост билЏебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември.Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември, се очекува да достигне цена од речиси 80.000 долари. Тогаш 32 годишната Мери Манган сопственичката на часовникот, била патничка во трета класа на бродот, кој потонал во април 1912 година – катастрофа во која животот го загубиле 1.500 луѓе, пренесува DPA. Манган, која била родена во Ирска, патувала со поголема група патници од округот Мајо во западна Ирска – група што денес е позната како „Адергул 14“ (Addergool 14). Во нејзината група биле и Кетрин Мекгован, братот и сестрата Џон и Мери Бурк, како и поранешната сопруга на Бурк, Кетрин. Манган се преселила во Соединетите Држави, но се вратила во Ирска на почетокот на 1912 година за да го посети своето семејство; таа се качила на „Титаник“ во Квинстаун (денес Коб) во јужниот дел на земјата. Џебниот часовник од жолт метал, на кој се врежани иницијалите „ММ“, е силно кородиран поради времето поминато во водите на Северниот Атлантик. Телото на Мери Манган било извлечено од бродот за поставување кабли „CS Mackay-Bennett“, а потоа, на 22 април 1912 година, било погребано во морето. Часовникот бил пронајден на нејзиното тело и, заедно со други лични предмети, им бил вратен на нејзиното семејство. Во текот на неколку недели, часовникот бил изложен – како дел од збирка посветена на Манган – во „Titanic Belfast“, туристичка атракција во Белфаст, Северна Ирска. На барање на семејството, аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ ќе го понуди часовникот на продажба на аукција во Девајзис, Вилтшир, во сабота, на 21 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08