ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
2ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
ТехнологијаКинеската ракета „Жукоу-3“ стигна до Орбитата, но нејзината долна платформа не успеа да се врати на ЗемјатаКинеската ракета за повеќекратна употреба „Жукоу-3“ (прва од својот вид) успешно се лансираше и стигна до Земјината Орбита, но нејзината долна платформа што требаше да се спушти за повторна употреба, не успеа успешно да слета на Земјата. Ова ги остава САД како единствена земја што успешно вратила ракета од орбитална класа на лансирна рампа, објави „СКМП“ (SCMP). Ракетата, развиена од комерцијалната вселенска компанија „Ленд-спејс“ од Пекинг, полета од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“. По достигнувањето на Ниската Земјина Орбита, делот од леталото потребен за првата фаза, којшто го обезбедува почетниот залет, се чини, изгорел во воздух пред да се врати на Земјата. Кина вложува значителни напори за развој на технологија за ракети за повеќекратна употреба, каде што моментно доминира САД. „Спејс-Икс“ е пионер во оваа технологија, додека во ноември ракетата „Њу Глен“ на „Блу Ориџин“ стана втората ракета во светот што успешно слета по орбитална мисија. Според „Ленд-спејс“, „Жукоу-3“ е висока 66 метри, широка 4,5 метри и има платформа за прва фаза со девет мотори „Тијанве-12А“. Во режим на повторна употреба, ракетата може да носи 18 тони товар, вклучувајќи сателити со тежина до еден тон. Структурата од не'рѓосувачки челик, којашто користи течен метан и течен кислород, е дизајнирана за најмалку 20 повторни употреби. Ракетата „Жукоу-3“ ги заврши тестовите за полнење гориво и палење на моторот претходно оваа година, но нејзиното лансирање беше одложено неколкупати, вклучително и по инцидентот со вселенски отпад што ја погоди „Шенжоу-20“ и поттикна итно враќање на астронаутите. Причините за последното одложување во ноември не се откриени. Тагови: вселената Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПедијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирусОд три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова. Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст. Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување. Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеИма ли лек за „болните“ апарати и чињањето на резултати за онколошките пациенти?Министрите се менуваат, ама проблемите на болните од канцер остануваат. Нема термини за снимање, откажуваат апарати, а кога работат и пациентите конечно ќе отидат да го завршат неопходниот чекор од кој зависи понатамошниот тек на лекувањето, пак чекаат со недели или месеци, овој пат за резултати. Нема радиолог за да ги прочита резултатите, це-де со снимката не може да добиете бидејќи не ни работи режачот на комјутерот. Вакви одговори тврдат дека добиваат дел од пациенти кои имаат метастази, а се обратија до Канал 5, но од страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни. Во последно време се повеќе и повеќе се чека за резултати, еве јас чекам еден месец, има пациенти што чекаат и по повеќе месеци. Проблемот највеќе е кај пациентите со метастази и кај кои мора да се контролира состојбата на време, за да се реагира на време, соодветно со терапија. Овој проблем е многу голем бидејќи ситуацијата може да биде многу влошена, а ние продолжуваме со терапијата од претходно бидејќи онкологот нема право да ја промени се додека не стигнат иследувањата од комјутерот или пет-скенот, или од било кое снимање, -пациент. И по чекањето на резултатот голготата не завршува, вели друг пациент од Охрид. Некогаш не даваат ни це-де, а друг пат, кога ќе побараш второ мислење, дознаваш дека резултатот не е точен, бидејќи има испуштено метастази. -Во Скопје не можеме да се изначекаме. Право да ви кажам првичните резултати што ни ги дадоа воопшто не беа погледнати убаво снимките. Кога ги однесов на второ мислење излезе дека се гледаат уште жлезди, а извештајот од нивна страна беше дека се е во ред. Лично не сум задоволна како ги читаат снимките. За мене е подобро да ми кажат дека има нешто него дека нема, бидејќи јас ќе останам без терапија, за мене тоа што значи, дека за една година може и ќе ме нема. Вториот случај барав це-де да ми дадат за да го однесам на второ мислење, ми кажаа, едноставно не работел печатачот, баш од тој комјутер јас каде што се снимав. -пациент. Откако дел од пациентите деновиве го кренаа гласот и пред медиумите ги кажаат проблемите, особено за дијагностиката бидејќи за пет-скен чекале и по 5 до 6 месеци, снимање кое на приватно чини околу 1200 евра, од Министерството соопшија дека почнувајќи од овој продолжен викенд, ПЕТ центарот ќе биде отворен и ќе работи и во саботите и неделите со цел пациентите да не чекаат долго време за снимање. Дополнително посочуваат дека од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, и се организираат снимања во две смени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаЗошто индивидуи сѐ почесто се ставаат во улога на сообраќајни полицајци?Самопрогласениот „полицаец“ и „бајрактарот“ со албанското знаме кои блокираа и регулираа сообраќај среде Скопје за непречено свадбарите да одат по невестата добија по 250 евра казна од полицијата. Оној во улога на „сообраќаец“ го организираше сообраќајот според своите потреби во Нерези, додека пак друиот го паркираше својот голф на крстосница, ни помалку – ни повеќе, пред законодавниот дом. Поради свадбарските обичаи и самоволие, законите отстапија токму на крстосницата пред местото каде што се носат – Собранието на Република Македонија. Од МВР велат дека веднаш по информацијата и двајцата биле повикани во станица, а и порачаа, вакво и слично самоволие нема да се толерира. -Секое недолично однесување во сообраќајот, кое директно ги става во опасност животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот од МВР нема да се толерира и секоја слична појава ќе биде санкционирана согласно законските прописи. Во сообраќајот сите треба да бидеме одговорни и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Граѓаните се фрапирани од „шерифското“ однесување кое го нарекуваат дрско и срамно. Казните целосно ги оправдуваат, оти самиот чин претставува и опасност. -Такво самоволие не е примерно, не е во ред, замислете секојдневно тоа да биде пракса, на што ќе личи тоа? Тоа не е храброст, тоа е дрскост, и треба да се осуди секако. -Го видов тоа, свадбата, вака вртеа од тука. Тоа е срамота, повеќе од срамота има ли да се каже за тоа? Тоа како безвластие некое, секој да изиграва полицаец, не го бива. Треба да имаме пред се сите домашна култура, да бидеме хумани во сообраќајот, да ги почитуваме знаците, сообраќајните правила за да сите можеме да функционираме како што треба. Сепак, има и такви кои го оправдуваат ваквото однесување, велат се оди по невестата и не може колоната да се растури, па целиот чин го поистоветуваат со пропуштањето на возилата од Итната медицинска помош. Народната традиција секогаш таква била. Одат по невестата или одат по нешто, тоа е традиција кај нас. Не треба да се земе за зло, сега одиме по невестата, нели, една кола таму ќе остане, не можат да се соберат да одат заедно. Го оправдувам, зошто да не или како Брза Помош, нели? Како застануваме кога е Брза Помош? Брзата Помош – спасува живот – Океј. Според законот, свадбарите кои често се забележуваат во колони, немаат првенство на минување, не смеат да блокираат и да вејат знамиња по крстосници и семафори, а не смеат ниту да свират по целиот пат по кој минуваат, бидејќи сирената се користи за безбедност. Треба да се движат со прилагодена брзина и соодветно растојание и да се „помират“ ако семафорот ги раздели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter