Кинеската економија со раст од 12,7 во првата половина од годинава - Канал 5

Кинеската економија со раст од 12,7 во првата половина од годинава

Кинеската стапка на економски раст во првата половина на оваа година беше 12,7 проценти, се вели во извештајот на Централното биро за статистика на Народна Република Кина објавен денеска.

Кинеската економија со раст од 12,7 во првата половина од годинава

„Според прелиминарните проценки, кинескиот БДП во првата половина на 2021 година беше 53,2 трилиони јуани (околу 8,24 трилиони американски долари по тековниот курс), што претставува годишен пораст од 12,7 проценти. Во првиот квартал, растот беше 18, 3 и други 7,9 проценти ", се вели во извештајот.

Според објавениот документ, кинескиот земјоделски сектор пораснал во првата половина на годината во споредба со истиот период минатата година за 7,8 проценти, индустријата за 14,8 проценти и услужниот сектор за 11,8 проценти.

Економскиот раст на Кина постепено се забавува. Во 2018 година беше 6,6 проценти, а во 2019 година шест проценти. Во 2020 година, како резултат на негативното влијание на пандемијата, растот беше најслаб од 1976 година, 2,3 проценти./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноември

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.

Шпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноември

Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето.

Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото.

Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето.

Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет.

Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Во текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

ЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.

Мицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има незадоволство од пораките на Урсула фон дер Лајен или од застојот на патот кон ЕУ, изјави:

„Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон Европската Унија. Така што јас очекувам дека во периодот којшто следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение за ситуацијата во којашто се наоѓаме.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер