Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината - Канал 5

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Кинеската Национална вселенска агенција денеска објави дека ќе им позајми на САД, Јапонија, Франција, Германија, Англија и Пакистан делови од карпите што ги вратиле од Месечината за време на нивната мисија во 2020 година.

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Во соопштението се нагласува дека американско-кинеската соработка во одредени области како вселената не е целосно завршена и покрај тензиите меѓу двете земји околу геополитиката и царините.

Меѓу седумте институции на кои им е дозволено да позајмуваат примероци од Месечината што Кина ги извади од Месечината во 2020 година се Универзитетот Браун и Државниот универзитет во Њујорк во Стони Брук, пренесува Ројтерс.

Со беспилотната мисија Chang'e-5 во 2020 година, Кина стана третата земја што собира камења од површината на Месечината, приклучувајќи им се на поранешниот Советски Сојуз и САД. По завршувањето на кинеската мисија Chang'e-6 во јуни минатата година, Кина стана првата земја која ги врати на Земјата карпите од страната на Месечината што не е свртена кон Земјата, таканаречената темна страна на Месечината.

Соработката меѓу САД и Кина во вселената одамна е одвраќана со американскиот закон од 2011 година, кој се обидува да обезбеди американските технологии да останат надвор од дофатот на кинеската војска, наведува Ројтерс. Според тој закон, НАСА мора да работи со ФБИ за да му потврди на Конгресот дека преговорите со Кина нема да ја загрозат националната безбедност на САД.

Тогашниот шеф на НАСА, Бил Нелсон, во октомври изјави за Ројтерс дека очекува НАСА да соработува со ФБИ за да добие уште еден сертификат за национална безбедност што ќе овозможи испорака на карпи од Месечината до американските универзитети.

Главниот дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината, Ву Веирен, рече дека САД сега се затворени за соработка, иако тоа не беше случај во минатото, кога кинеската агенција беше таа што беше затворена за соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. 

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 .

Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода.

Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава

Вршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера  бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент  не му бил дозволен влез во земјава.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник  не му бил дозволен влез во земјава

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија.

Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден .

За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел.

Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни.

Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество.

Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите.

На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер